ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев најави 200 милиони евра годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој

July 1, 2020 14:13
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Три години СДСМ преку владата што ја предводи покажува што значи вистинска грижа за земјоделците. Со одговорни и чесни политики, го вративме достоинството на нашиот земјоделец, го цениме и вреднуваме неговиот труд. За само три години финансиската поддршка во земјоделството стигна до рекорден износ од 430 милиони евра и стигнува до вистинските индивидуални земјоделци, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој додаде дека субвенциите се зголемени и оти нивната исплата денес е неселективна, редовна и, како што рече, што е најважно навремена, а земјоделците парите ги добиваат тогаш кога им се најпотребни.

-За производството на тутун по кое е позната општина Кривогаштани, но и целиот Прилепски регион обезбедивме зголемување на субвенциите и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета,четврта и дополнителните класи. Тоа значи повеќе пари кај земјоделците кои ја одгледуваат оваа култура, но и мотив да одгледуваат поквалитетни класи на тутун. Оваа година земјоделците вкупно кои произведуваа тутун инкасираа во своите семејни буџети повеќе од 125 милиони евра, рече тој.

Претседателот на СДСМ вели дека заложбата на оваа партија во следните четири години е јасна – поддршка кон тутунопроизводителите, но и кон сите земјоделци, градинари и сточари да продолжи да расте уште повеќе.

-Обезбедуваме годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од  200 милиони евра.

Воведуваме целосно субвенционирање на „зелената нафта“ за нашите земјоделци. За да обезбедиме сигурен пласман градиме три нови откупно-дистрибутивни центри во државата. Поддршката кон младите земјоделци, кон жените земјоделки продолжува уште повеќе и уште подобро. Обезбедуваме и субвенционирање на платите од 3.000 денари на нововработени работници во земјоделско стопанство помлади од 25 години.

Важно ни е земјоделството, важни ни се земјоделците, затоа, грижата за нив во следните четири години продолжува уште повеќе, истакна заев во Кривогаштани.

Убедени сме, вели тој, дека земјоделците гледаат кој навистина се грижи за нив, а кој 11 години како власт и три години како опозиција ги манипулира и го погазува нивниот труд. Затоа е уверен дека на 15 јули земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите буџети и нема да дозволат повторно ВМРО-ДПМНЕ да гази врз нивниот труд.

 

Next Post

Спасовски: Ако има оправданост и Комисијата за заразни болести оцени дека се потребни нови мерки, ќе ги донесеме

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk