ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хоти ги замоли пратениците во косовското Собрание да гласаат за измените на буџетот

July 4, 2020 18:48
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Косово Авдулах Хоти ги повика пратеничките групи и пратениците во републичкото Собрание да овозможат одржување на пленарна седница, на која ќе се усвојат измените во буџетот на државата, со цел справување со проблемите што на косовското стопанство му ги предизвика пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од селото Широка во општина Сува Река, каде што присуствуваше на отворањето на жетвената сезона, Хоти вети дека неговата влада ќе ги удвои субвенциите за земјоделството, но нагласи дека за тоа е потребно Собранието да ги усвои измените во буџетот и да ги ратификува меѓународните финансиски договори.

Тој рече дека знае оти некои пратеници и членови на собраниската администрација се заразени од коронавирус, но ја нагласи итноста од потребата од изнаоѓање начин за одржување седница.

Целта на Хоти, како што беше истакнато на денешната седница на Владата пред неговото заминување во Сува Река, е формирање фонд за економско опоравување, за што планира да се издвојат 400 милиони евра.

– Очекувам што поскоро да помине буџетот во Собранието, да започне целосното спроведување на пакетот за економско закрепнување, вклучително и на земјоделството. Во оваа прилика ги замолувам сите пратенички групи, сите пратеници, да се организираат во ова време на пандемијата, за што поскоро да помине и буџетот и меѓународните договори поврзани со фондот за економско опоравување, рече Хоти во Сува Река.

Владејачката коалиција има минамално мнозинство од 61 глас во 120-членото Собрание, а дополнителни проблеми со обезбедувањето на потребните гласови за усвојување на владините одлуки се појавија откако на еден од пратениците, Арбен Гаши, кој е шеф на пратеничката група на партијата на Хоти, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му беше дијагностициран коронавирус.

Во изминатите петнаесетина дена имаше два неуспешни обиди за ратификација на неколку договори за поволни кредити од Светската банка и грантови од Европската унија, вредни над 60 милиони евра. За да се склучат договорите потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, додека двете најголеми опозициски партии, Движењето самоопределување на претходниот премиер Албин Курти и Демократската партија на Косово на поранешниот собраниски спикер Кадри Весели досега одбиваа да дадат било каква поддршка на Владата на Хоти.

Next Post

(ВИДЕО) Автомобил влетал во група демонстранти на автопат кај Сиетл

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk