ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Хрватска денеска се одржуваат парламентарни избори

Кој ќе биде победник, ќе одлучат граѓаните на Хрватска кои ќе изберат од 192 листи со 2.700 кандидати. На избирачките ливчиња има 41% жени, а просечната старост на кандидатите е 48,6 години.

July 5, 2020 08:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Хрватска денеска се одржуваат избори за 10-тиот состав на хрватскиот Сабор (парламент) од стекнувањето на независноста, за кои експертите велат дека се најнеизвесните досега.

Според најновите истражувања, мала, но, сепак, некаква предност за победа на изборите и се дава на коалицијата од партии „Рестарт“, собрани околу опозициската левичарска Социјалдемократска партија (СДП), чиј претседател е Давор Бернадиќ.

Бернардиќ го замени актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ на функцијата претседател на СДП, кој беше надвор од политиката некое време, до неговиот избор на новата функција кон крајот на минатата година.

Втора, според анкетите на јавното мислење, е Хрватската демократска заедница (ХДЗ), на  актуелниот премиер Андриј Пленковиќ. Станува збор за партија на десниот центар, за која се проценува дека добила сериозна конкуренција во десничарското движење „Домашна татковина“, формирана од пејачот Мирослав Шкоро, поранешен кандидат за хрватски претседател, кој не влезе во вториот круг во конкуренција со избраниот Милановиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември годинава, но епидемиолошката состојба поради коронавирусот влијаеше на поинаквата одлука и на избори да се излезе неколку месеци порано.

Хрватскиот парламент брои 151 член, а според проценките на ХРТ, релативен победник во сите 10 изборни единици би можел да биде коалицијата на СДП предводена од Давор Бернардиќ, со 60 места, на второто е таа на Пленковиќ со 54 места, а третата „Татковинското движење“ на Шкоро со 18 мандати.

Коментирајќи ги најновите оценки, аналитичарот Жарко Пуховски оцени дека ХДЗ никогаш не била во толку тешка позиција пред избори, дека, како што рече, паѓа рејтингот на „Татковинското движење“ на Мирослав шкоро и дека  на коалицијата „Рестарт“, на партиите собрани околу опозициската СДП, ќе и биде многу тешко, ако не и невозможно, да собере парламентарно мнозинство од 76 пратеници.

Затоа Пуховски смета дека опцијата за повторување на изборите кон крајот на есента не е невозможна, што му се чини дека е многу лош исход, заради кризата со пандемијата.

Оценувајќи каде ќе бидат потврди постизборните преговори, меѓу левицата или десницата, Пуховски смета дека останува да се види каде тоа воопшто ќе има смисла.

Тој истакна дека ќе биде тешко да се формира стабилно парламентарно мнозинство и дека на Пленковиќ ќе му треба поддршка од малцинските партии доколку ХДЗ формира влада.

Официјално, предизборната кампања траеше само 15 дена, неофицијално многу подолго, а покрај коронавирусот, беше обележана и со два телевизиски дуели на лидерите Пленковиќ и Бернардиќ.

Кој ќе биде победник, ќе одлучат граѓаните на Хрватска кои ќе изберат од 192 листи со 2.700 кандидати.

На избирачките ливчиња има 41отсто жени, а просечната старост на кандидатите е 48,6 години.

Во 12-та изборна единица, во која националните малцинства избираат осум пратеници, има 17 кандидати.

Право на глас на овие избори ќе имаат  3,86 милиони избирачи, кои ќе гласаат на околу 7.000 избирачки места во Хрватска и во странство. Изборите ќе ги следат речиси 8.700 набудувачи./МИА/

Next Post

СЗО: Рекорден дневен скок од 212.326 новозаразени од Ковид-19 во светот

Shortcut

Најново

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk