ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев вели дека има коалициски капацитет за нов мандат

Упати апел до граѓаните да излезат да гласаат, бидејќи, како што посочи мошне е важен легитимитетот на институциите.

July 5, 2020 14:15
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Победа и стабилна коалиција очекува лидерот на СДСМ Зоран Заев од престојните избори, при што не ја исклучува можноста за постизборно коалицирање и доколку освојат 61 пратеник.

Идејата на ДУИ за прв премиер Албанец, Заев во интервјуто за МИА ја оцени како комплетно популистичка политичка стратегија и националистичка порака, нешто што било присутно во времето на Груевски и Ахмети.

-Затоа рековме здраво е ДУИ после 17 години, навистина тоа е долг период да се биде власт да премине во опозиција, здраво е за нив за да може да дојдат едни нови сили коишто со забрзано темпо ќе ги направат до крајот реформите во државата, вели Заев.

 

Додава дека „Можеме“ дури и доколку освои 61 пратеник, ќе прави постизборна коалиција, првенствено за да бидат соодветно застапени етничките заедници.

-Тоа треба да го правиме во периодот којшто претстои дури и со 61 пратеник. Еве теоретски, ако народот одлучи да ни даде таква одговорност ние ќе влеземе во коалиција, во разговори, сите опции се отворени, дури и ДУИ ако го тргне ваквиот услов, ние немаме проблем да разговараме. Алијанса и Алтернатива и тоа како се дел од нашата комуникација. Заедно ги гласавме дел од реформите,уставните промени, Законот за ЈО и верувам дека имаме најмалку минимум соработка за да може да градиме заедничка платформа, владина програма за во иднина за да успееме како коалиција, а секако и постојат и опции помеѓу другите пратеници коишто ќе бидат избрани во Собранието, нагласи Заев во интервјуто за МИА.

Упати апел до граѓаните да излезат да гласаат, бидејќи, како што посочи мошне е важен легитимитетот на институциите.

-Затоа многу често кампањата се сведува на јавување, на пораки на мејл до луѓето. Одиме некаде од врата до врата, каде што граѓаните не повикуваат, секако никако кај оние ризични категории на болни луѓе или оние со хронични болести. Тоа го правиме на начин на којшто го ставаме изборниот материјал во кесенце, како што треба за да може да си прочитаат граѓаните. Се обидуваме да им создадеме атмосфера дека е безбедно три до пет минути да се гласа. Верувам дека успеавме во тоа, вели Заев.

Next Post

Шекеринска: Одиме на едноцифрена невработеност, покажуваме што е економски патриотизам

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk