ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во опозиција за да се самообноват, гласајте за сигурна иднина

July 9, 2020 10:11
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните да излезат да гласаат јасно истакнувајќи ги разликите меѓу демократското и просперитетно владеење на СДСМ со режимот кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ,порача синоќа на средба со жители во Чаир, носителот на листа  на коалицијата „Можеле“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски.

На 15.јули, наведе Спасовски, изборот е едноставен: Не за опасниот режим кој краде и меѓународно изолира и за национализмот што враќа назад, Да за сигурна иднина, пари кај граѓаните, Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Ова се многу важни избори, за сигурна иднина и брза развојна еконономија, за уште повеќе пари кај граѓаните и безбедна иднина – гласаме за број 3 на 15. јули, рече Спасовски.

Според него, Општина Чаир покажува како се живее во едно општество за сите, како што рече, концепт што граѓаните Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, други, денес го градат во целата држава успешно, како и дека земјата продолжува по правиот евроатлантски пат, наместо изолирана и во поделби што ги правеше режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Само политичари кои се грижат за сите, укажа тој, може да донесат добро и на Чаир и на оваа држава. Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не е решение затоа што мисли само на себе, крадат, рушат се закануваат за државна помош, плати, пензии, граѓаните ги оставија во руини и во кал, додека тие крадеа за своите џебови и за нивната бела палата. Ни национализмот на ДУИ не е решение, бидејки искусивме дека националистичките политики не носат ништо добро на државата. ДУИ реши да оди на овие избори со национализам, бидејки нема што да им понуди на граѓаните, безидејни се после 17 години власт. Затоа е најдобро и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да останат во опозиција, да се самообноват и на следните избори, ако успеат да се реформираат, можеби ќе имаат шанси кај граѓаните, порача Спасовски.

Оцени дека политиките на градење мостови што ги отвориле перспективите во НАТО и ЕУ и со што е осигурана државата отвораат пат во наредниот период да се посветиме уште повеќе на силен економски развој.

-Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Најавувам дека во следните четири години ќе отвориме 80 проценту од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5 – 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома и опцијата за 15 јули е јасна: СДСМ и коалицијата Можеме нуди луѓе  кои земјата ја однесоа на прав пат, да продолжиме по овој пат, а ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски, Мицкоски, Мисајловски…, кои нудат обнова на режимот, рече Спасовски.

Како што дополни, со водството на СДСМ и коалицијата „Можеме“ продолжува концептот за повеќе пари кај граѓаните и за поголем економски стандард на сите.

– Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ќе достине до 20.000 денари што е дури 120 проценту повеќе од деветте илјади денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе расте и просечната плата – до крајот на мандатот да биде до 34.000 денари. Со тоа платите во сите сектори ќе продолжат да растат. За две и пол години пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари и ќе има постојан раст и во следните четири години. Предвидуваме раст од најмалку 21 отсто на најниските пензии и минимална пензија од најмалку 10.700 денари до крајот на мандатот. ВМРО-ДПМНЕ беше против секое зголемување на платите и пензиите досега. Донесовме три пакети мерки за поддршка на економијата, за спас на работните места и јакнење на приватната потрошувачка, а најавуваме и четврти сет мерки. ВМРО-ДПМНЕ гледаше само како да украде пари од граѓаните, наведе Спасовски

Next Post

Народна банка добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk