ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев на 24 Анализа: Заедно со порастот на платите ќе стимулираме и пораст на продуктивноста

На прашање кое се однесуваше на изработката на економската програма на СДСМ претседателот Заев рече дека станува збор за многу стручен и вреден документ кој е изработен во консултација со коморите, синдикатите, универзитетски професори и сите засегнати страни и како таков ја отсликува идната економска агенда на новата Влада предводена од СДСМ и коалицијата „Можеме“.

July 10, 2020 21:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска гостуваше во економска дебата 24 Анализа на 24 Телевизија, заедно со претседателот на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа и универзитетскиот професот Борче Треновски.

– Во март имавме просечна плата од 27.206 денари. Ако можевме за 2 и пол години, не за 4, за 5.000 денари да ја покачиме платата, од 22.300 денари 2017 година пред да дојдеме на власт, до 27.206 денари март месец 2020, тоа се 5.000 денари без малку. За 4 години дополнителните 3.000 денари до 30.000 денари апсолутно се стигнуваат. Тоа е реализирано ветување затоа што за 2 и пол години е толку. Минималната плата е сама по себе доказ дека се остваруваат ветувањата, беше 9.000 денари, ја качивме на 12.000 денари, а потоа и на 14.500 денари. Опозицијата обвинуваше дека ќе се испуштаат работници и дека ќе се затвораат фабриките, но не тоа не се случи. Ние разговаравме со коморите, со фирмите, со бизнис секторот, работодавачите низ дијалог со нив ги покачивме платите. Стопанството сега има помотивирани работници, во услови на недостаток на квалификувана работна сила, повисоките плати се шанса да се задржат квалификуваните работиници, за државата е исто добро бидејќи се зголемува приватната потрошувачка, а Владата останува да работи како сервис, рече Заев.

На прашање кое се однесуваше на изработката на економската програма на СДСМ претседателот Заев рече дека станува збор за многу стручен и вреден документ кој е изработен во консултација со коморите, синдикатите, универзитетски професори и сите засегнати страни и како таков ја отсликува идната економска агенда на новата Влада предводена од СДСМ и коалицијата „Можеме“.

– Се согласувам дека треба да стимулираме пораст на платите, но тоа мора да оди заедно со подигнување на продуктивноста. Зошто? За да бидеме поконкурентни на европските и светски пазари. Ако видите колкава е нашата продуктивност со другите земји, еве земјоделството ќе го земам за пример, југот на Италија, Шпанија, Турција каде што продаваме исти производи, вино, грозје, раноградинарски култури, тие имаат пониска цена на чинење. Го земав за пример, земјоделството, но така е во текстилот и другите дејности. Ние мора да работиме со работниците и работодавачите, кога одиме веќе на една таква државна стратегија, а ние ќе ја продолжиме како власт доколку добиеме доверба, само во консензус со нив, за да добијат дополнителна продуктивност и конкурентност на своето производство, а користа од зголемените приходи на граѓаните ќе биде и во зголемувањето на потрошувачката на домашни производи, рече Заев. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk