ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Уште два дена кампања, партиите со предизборни ветувања

July 11, 2020 08:20
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Предизборната кампања завршува утре во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк. Уште денеска и утре политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори ќе имаат средби со граѓаните, на кои им ги презентираат своите изборни програми со кои сакаат да ја добијат нивната доверба на 15 јули. Сите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, развој на економијста, подобар животен страндард за сите.

Караванот на коалицијата „Можеме“ денеска ќе ги посети општина Кавадарци и општина Јегуновце, а пак претставници на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ општините Ранковце, Кратово и Крива Паланка.

Според, најавите Демократскиот сојуз ќе го одржи VI-иот Конгрес, на кој ќе се расправа за приоритетите на Демократскиот сојуз во наредниот четиригодишен период, како и за предизборните активности , а во Охрид Граѓанско демократската унија – ГДУ организира трибина „Разговор под дрвото“.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на предизборниот собир на коалицијата „Можеме“ во Скопје порача дека нудат прав пат за државата, кој, како што потенцира значи ЕУ и НАТО, значи грижа за сите, значи заштита од КОВИД – 19, економски раст и повеќе пари за секој.

– Убаво е слободно Скопје кое што верува дека одиме по правиот пат, Скопје кое што знае дека прав пат е грижа за сите, грижа за сите која што ја покажавме на дело во изминатите три години. Грижа за најсиромашните, грижа за помалку бројните етнички заедници, грижа за жените, грижа за лицата со посебни потреби, грижа подеднакво за сите, нашиот главен град Скопје знае дека е на правиот пат затоа што имаме вистинска развојна македонска економија, затоа што покажавме дека кога се решаваат најкрупните прашања можеме да водиме грижа за нашата економија, рече Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера од Делчево рече дека на 15 јули се одлучува во каква Македонија сакаме да живеееме, понижена Македонија или горда Македонија.
-За само две ипол години веќе зборуваме за нив, затоа што верувавме во тоа што го работиме. За тоа време имаше понекоја критика, некој ќе кажеше зошто сте млаки, зошто молчите, сега треба да нападнеме. Во тоа време ќе беше најлесно да влезе во битка каде целта и завршницата ќе бидат неизвесни. Но одлучивме напорно да работиме и благодарејќи на поддршката која ни ја дадовте дојдовме до целта да собориме ненародна власт предводена од Зоран Заев, рече тој.

Синоќа од Тетово лидерот на ДУИ Али Ахмети порача дека како партија и помогнале на државата да тргне по прав пат и оти сега отвораат нови поглавја.

-Ние имаме достоинство и со сите поглавја што сме ги отвориле на екононски план, со влезот во НАТО, евроинтерграција. Но, јас не сакам да се заборави оваа навреда што денеска ја слушнав и се шокирав. Навредата за „пет пари“ многу боли, но сме поминале многу, УДБА и удбаши и многу неправди, ние нема од што да се плашиме имаме ориентација и цел и сакаме да ја реализираме. За тоа ќе им покажеме на 15 јули и да видат кои сме ние, истакна Ахмети.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива чии претставници синоќа под мотото „Сега е времето“ одржаа средба со граѓани во Гостивар од каде испратија покара дека ќе се залагаат за едно општетсво за сите и еднакви права и можности за сите.

Next Post

Деркоски за МИА: ДИК направи максимални напори да се организираат безбедни и транспаретни избори

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk