ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Русковска: Парите од „Меѓународен сојуз“ завршиле во куќата на родителите на Боки-13

July 21, 2020 13:13
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме доста материјални докази кои главно произлегоа од вештачењето  од телефонот на сега обвинетиот Бојан Јовановски. Што се однесува до парите кои се подигнати  од страна на Лилјана Тодоровска и земени веднаш од обвинетата Кристина Блажевска, имаме точно локациски од вештачењето на  телефонот дека завршуваат во куќата на  неговите родители, имаме и слика  имаме и локација, изјави обвинителката Вилма Рускоска денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Додаде дека имаат материјални докази што одат во поткрепа на обвинението, но и сведочења особено  на Агапи Дика и на Лилјана Тодоровска,…  за тоа како се одиграло потпишувањето на договорите, преговарањето во „Меѓународен сојуз“ и исказите на оштетените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Рускоска рече дека на кратко во воведните зборови кажала дека тие се обврзале дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште, а донекаде и субвенционирање од страна на државата.

-Подетлано за ова ќе видите од самите материјални докази, како и од сведочењата.  Што се однесува до перењето пари исто така, не за Бојан, туку за осомничени Јасна Мандиќ и  Миле  Јовановски образложив зошто сметаме дека кај нив постои перење пари, односно дека парите што ги добил Бојан Јовановски по пат на измама им ги давал на нив да ги уплаќаат како позајмици или враќање  на позајмици или  донации на БМЈ медија груп, а склоп на оваа окмпанија беше и 1ТВ, рече Рускоска.

На новинарско прашање, Рускоска рече дека Бојан Јовановски се служи со лични квалификации.

– Тој е обвинет. Мене прво ме направи коруимпиран обвинител, па со ништо не успеа тоа да го докаже и секакви квалификации користи што не му доликуваат. Така да, јас кажав дека може да смисли еден девијантен пример, јас не реков кој. Јас никого до сега ниту во „Рекет“, ниту во овој предмет имам намера лично да навредувам затоа што тоа не е во правец на докажување на фактичка состојба.  Бојан и во претходниот случај , а и сега се служи со лични квалификации, рече Русковска.

На прашање за истрагата за случајот „Империја“, Рускоска рече дека предметот е даден на вештачење.

-Ќе се изврши материјално  финансиско вештачење на предметот, затоа што има се уште неколку сведоци да се сослушаат, ама тие паралелно додека тече вештачењето ќе се сослушат неколку сведоци  за кои колешките сметаат дека се  неопходни, истакна обвинителката.

Во врска со предметите од поранешното на СЈО, Рускоска рече дека кога почна преземањето на предметите, прво од ЈО на СРМ, па после со оглед на кривичните дела се распоредуваат што кај нас, што во  ОЈО во Скопје решиле сите предмети кои се пред крај со истражна постапка или пред крај со предистражна постапка прво да одат на реферирање во ЈО на СРМ па после да се донесе одлука што понатаму со предметите, дали ќе се отвори истрага  или дали треба да  се надополни истрагата или да се поднесе обвиненија. -Така да се уште ниеден од тие предмети не е рефериран, додаде таа.

Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, денешното судењето за „Меѓународен сојуз“ привремено беше прекинато на 30 минути и беше повикана брза помош.

За случајот „Меѓународен сојуз“ обвинети се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Next Post

Во општина Прилеп денес нема нови заболени со коронавирус, 4 лица оздравеле

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk