ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Град Скопје целосно ги реконструира сите 19 пешачки мостови во Градскиот парк 2 со донација од Халк банка

July 22, 2020 12:30
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје со донација од Халкбанк целосно ги реконструира сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк, известуваат од Град Скопје.

– Со нашиот партнер Халкбанк, која важи за општествено одговорна компанија, пред неколку месеци ја почнавме, а сега веќе целосно ја завршивме реконструкцијата на сите 19 дрвени мостови во вториот дел од Градскиот парк. Самата реконструкција опфаќаше целосна обнова на дрвената подлога, со материјали коишто се поотпорни на климатските промени, поиздржливи, како и целосна обнова на  металната конструкција и премачкување на металните површини со боја која овозможува нивна заштита од корозија. Ги направивме дел од мостовите достапни и за велосипедистите и за лицата со отежнато движење со поставување рампи, така што го направивме паркот достапен за сите наши граѓани – изјави Шилегов.

Тој додаде дека ова не е прва соработка на Градот Скопје со Халкбанк, и дека ќе продолжат и во иднина да работат на други проекти.

-Очекувам општествено одговорните компании, како што е  Халкбанк,  и во иднина да го помагаат Градот, бидејќи и вработените и самите фирми се токму овде во Скопје и се негови жители, со цел заедно да успееме ние како институција, општествено одговорните фирми како такви и граѓаните, овој дел од градот, односно  паркот каде што ни е најдостапна природата во рамките на урбаната средина да го направиме едно  попристојно, поубаво место. Имајќи во предвид дека е сериозно зголемена фреквенцијата на граѓаните во него во време на пандемијава ги повикувам и граѓаните заедно да го чуваме ова богатство коешто го имаме во срцето на нашиот град – кажа Шилегов.

Според Билал Суџубаши, првиот човек на Халкбанк, во агендата на општествено одговорни активности на банката еден од приоритетите е поддршката на проекти што придонесуваат за здрави животни навики и заштита на животната средина.

Градскиот парк е сигурно најубавото место во Скопје, зелена оаза, место за прошетки, за спортување, рекреирање и уживање на граѓаните. Бидејќи како банка настојуваме со нашите општествено одговорни активности да поттикнеме здрави животни навики и да придонесеме за заштита на природата, со задоволство прифативме да помогнеме на Град Скопје во реализација на проектот за реновирање  на 19 мостови во вториот дел од паркот. Ова е втора активност која со наша поддршка ја спроведува Град Скопје, минатата година ја поддржавме кампањата за бесплатно подигање на остатоците од бербата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување – кажа  Суџубаши,

Реконструкцијата на сите 19 мостови е целосно завршена, а вредноста на донацијата изнесува околу 2 милиони денари.

Next Post

УЈП: Од 12 јуни повратот на ДДВ раздвоен, за домашни 20, за странски 10 отсто

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk