ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Богоевски: Евтино, националистичко и популистичко политиканство од Османи

July 24, 2020 09:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Османи: Преговорите за влада ќе се водат во Собранието, нема потреба Ахмети да тропа на Бихаќка или Заев во Мала Речица.

Според него, по конститутивната седница на Собранието, во тие десет дена кој ќе го информира претседателот на државата дека има мнозинство тој го добива мандатот.

Ова е тоа евтино националистичко и популистичко политиканство, друштво. Прво ќе го наполнат гласачкото тело со националистичка реторика која немаат ниту шанса, а ниту намера да ја реализираат – потоа глумат разумни и зрели политичари повикувајќи на смиреност и дијалог.

Тоа што останува како последица не е само горкиот вкус кај сите кои следат од страна, туку и многу реална празнина и разочараност кај населението кое го оставиле да очекува работи кои никогаш нема да се случат. Ова чуство, повторно преку популистичка реторика ќе му се препише на “непријателот”, па потоа ќе се ветуваат уште поголеми и порадикални работи – во зависност од потребите на некоја идна изборна ќампања.

И така, сè во еден голем круг на креирање омраза. Повторно и повторно. Истото се случува и со македонските партии со националистичка реторика, само што тие не ветуваат премиер Албанец. Тие ветуваат нешто уште понереално – надеж за поништување на договорите со Бугарија и Грција и укинување на Рамковниот договор, оставајќи уште поголем гнев кај граѓаните кои потоа утехата ќе ја бараат во нов, уште порадикален глас со уште порадикални ветувања.

п.с. Процедурата не е како што ја опишува Османи. Формирањето влада не е отворена трка каде кој стигне собира потписи бркајќи го мандатот, туку прецизна процедура, каде мандатот прво му се доделува на победникот кој има рок да оформи мнозинство. Доколку не успее, мандатот се доделува на вториот, итн. Од 2016 г., практиката е вториот мандатор да достави потписи од 61 пратеник за да го добие мандатот. Допрва ќе видиме дали и како ќе се применува ова правило.

пишува: Павле Богоевски

Next Post

Ќе се реконструира левиот крак на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk