ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Постизборно: Кој со кого ќе игра, а кого никој нема да го игра?

July 24, 2020 19:01
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Откако Државната изборна комисија експресно одлучи по сите поднесени приговори од политичките партии и сите ги отфрли како неосновани, Управниот суд на неколку седници одлучува по поднесените тужби на Алијанса за Албанците и Алтернатива и на Интегра.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе две, а Интегра и Единствена Македонија по една тужба. Левица продолжи со хиперпродукција и се појави со 101 тужба.

По одлуките на Управниот суд, Државната изборна комисија ќе ги објави официјалните конечни резултати и ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Конститутивна седница на Собранието се очекува најдоцна на 4 август.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ се врати на старата реторика на обвинувања на сметка на Зоран Заев дека, заедно со СДСМ, се виновни за пандемијата со Ковид-19 и големите бројки на заразени. Убедени во сопствената победа на изборите, по неофицијалните конечни резултати со 44 мандати, експресно темата со коронавирусот ја поврзаа со изборниот поткуп на СДСМ, кој според, нивната логика, најверојатно резултираше со два мандата повеќе од нив. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде доверба на Христијан Мицкоски да формира парламентарно мнозинство, а најави и „темелна анализа за изборните резултати“. Сите изборни нерегуларности партијата сега засега ги темели на два приговора упатени до ДИК, кои беа отфрлени.

Од СДСМ, пак, делуваат релаксирано, со нивниот лидер на одмор, со победничко чувство и порака до Мицкоски, преку соопштение, дека ниту може да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ, ниту може да добие мандат за состав на влада. Мицкоски мора да се помири со улогата на „шпицен аутсајдер“ кој, ако сака да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ, ќе мора да бара помош од Будимпешта.

И додека Заев ужива во Љубојно, во ВМРО-ДПМНЕ се менува Статут, но и се менуваат и внатрепартиските улоги. По „победата“, самите членови „победнички“ се свртија против лидерот.

Рангелова јасно изрази неверување дека Мицкоски ќе може да формира влада и дека сега најнормално е тој да си поднесе оставка. На истиот став е Никола Поповски, поранешен министер за надворешни работи, Никола Тодоров, Сашо Мијалков… Меѓу првите оставка од Мицкоски побара кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

„Каква и да е победата, СДСМ ги доби гласовите. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300.000. Оваа бројка сама по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство и сплотеност, за секој да може да работи правилно и слободно“, истакна Митко Јанчев во изјава за бугарската агенција БГНЕС потенцирајќи дека ќе се приклучи на промената во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ФРОДЕМ, на чие чело е Јове Кекеновски, исто така, побара оставка од Мицкоски, а потоа и Ивица Конески, поранешен градоначалник на Аеродром. Со истите ставови и реакции се приклучија и Љубе Бошкоски, Љубчо Георгиевски и други. Заедничко за сите изјави е дека, ако се потребни промени во ВМРО-ДПМНЕ, тие се возможни само без Мицкоски. Се разбира, имаше и членови што застанаа во негова одбрана. Најгласна е Рашела Мизрахи:

„Претседателе, за Вас се зборовите на големиот Винстон Черчил: Во војната решителност. Во поразот пркос. Во победата великодушност. Во мирот: добра волја! Главата горе, Македонијо!“

Се разбира, останува нејасно како Мизрахи замислува дека преку говор на омраза и црна кампања се гради мир, со која решителност влезе Моцкоски во изборната војна и дали е пркос ако она што го ветил не го исполни: оставка по поразот… Бидејќи, како што стојат работите, партијата практично му додели три мандати на Мицкоски за да ја одведе во пропаст…

Од победничката страна, постизборно, само констатираа дека вмроовските обвинувања се потврда колку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност по здравјето и животот на граѓаните.

И за победниците има што да се каже. Интересен  е заклучокот на Сашо Орданоски во колумната „Не е проблемот до Статутот“ каде вели: „СДСМ е далеку од идеална партија за спроведување на концептот „Едно општество за сите“, но покажуваат храброст и визија да го видат нашиот свет зад балканските хоризонти. Додуша, во претходните две-три години, главно, останаа на „гледање“, со силни опструкции од досегашниот коалициски партнер. Со новата влада тоа треба уште и да се одработи, во сите сфери на општеството, таман по мерка на европските интегративни процеси“.

Иако делуваат незначајни во својот застарен систем на идеологии и радикализам кој нема никаква врска со значењето на левичарска партија, заговарајќи јавно „геноцид“ лидерот на Левица, Димитар Апасиев, само покажува колку е изместена оската на здраворазумско граѓанско размислување. Во општество во кое балансот на политичкото битисување го нивелираат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ секогаш затворајќи го тој магичен круг со ДУИ, дозволувањето на радикално десничарска партија како Левица да се извлече од маргините, како трета опција, укажува на заслепеноста од сопствената борба за моќ на водечките партии. Сите три.

И додека Апасиев „сите ќе ги стрела“, како што напиша самиот, покажувајќи каква „држава за народот“ ветуваше пред изборите, интересно ќе биде да се види како Управниот суд, а потоа и другите институции ќе ја „третира“ десничарската Левица. А како, кого, од кои образложенија, јавно или тајно „Левица ќе стрела“ допрва ќе се види. Важно, никој не сака да оди со Левица, а и тие велат дека не сакаат со никого да играат.

Во меѓувреме, се очекува СДСМ да формира Влада.

Next Post

Германија ќе прими 243 деца со сериозни здравствени проблеми кои беа во прифатните центри за бегалци во Грција

Shortcut

Најново

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk