ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и под контрола

July 29, 2020 19:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека ситуацијата со КОВИД-19 е стабилна зашто подолго време, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, а тестирањата се откриваат голем број асимптоматски случаи.

Во изјава за телевизија „Телма“, Филипче нагласи дека кадарот е добро организиран со системот на ротација на лекарите и медицинските сестри од одделенијата за интерна медицина во одделенијата за инфектологија. Болниците, вели Филипче, имаат доволно капацитет со оглед на процентот на хоспитализирани пациенти, а наскоро се очекува да почне со редовно работење и ГОБ „8 Септември“. Од следната недела се очекува да почне и распоредувањето на пациентите од ГОБ „8 Септември“ на Инфективната клиника.

– Овој начин на пристап, во однос на индикацијата за тестирање, а тоа е тестирање на сите кои имаат симптоми, меѓутоа и лицата кои се контакти и имаат исклучително висок ризик, е добра стратегија што треба да продолжи, заради тоа што се откриваат огромен број асимптоматски носители и со тоа се ставаат во изолација. На тој начин се спречува ширењето на инфекцијата. Еден од најдобрите индикатори како е сега ситуацијата е капацитетот во болниците – има сосем доволно слободни кревети на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Ние планираме веќе од следната недела да почне и распоредување на пациентите од ГОБ „8 септември“ на Инфективната клиника, имајќи предвид дека таму има сосем доволно слободни кревети, а целосно е празна и модуларната болница, за да почне редовниот програм во ГОБ „8 Септември“, пред сè во делот на ортопедијата, истакна Филипче, додавајќи дека ситуацијата е под контрола.
За подготовките за есенскиот бран којшто се очекува, Филипче рече дека е направен план за дополнување на капацитетите во сите општи и клинички болници низ државата со цел да се направат мини инфективни одделенија по примерот на модуларната болница во Скопје за да може во болниците да се третираат пациентите со вообичаена патологија.
– Овие инфективни одделенија ќе ги третираат пациентите заболени од ковид. Физички се одделени, затоа што тоа се сепак пациенти на кои им се потребни и посебни услови, појасни Филипче.
Во текот на следната недела проектот ќе биде презентиран пред јавноста, а веќе утре на состанок пред претставници на Светска банка ќе бидат образложени сите аспекти на проектот.
– Во текот на утрешниот ден имаме работен состанок на кој пред експерти на Светска банка ќе ги образложиме сите аспекти на овој проект кој подразбира подобрување и надградување на инфраструктурата во смисла на болнички кревети и на лаборатории. Тоа подразбира секоја болница да има своја лабораторија за брзо тестирање, резултати кои ќе бидат готови за 45 минути. Секако тука е и планот за распределување на младите лекари, кои добија лиценци за работа и покажаа интерес да работат со овие пациенти. Така што сметам дека ова е еден модел којшто ќе даде одлични резултати, изјави Филипче за „Телма“./МИА/ 
Next Post

Ѓоковиќ и Надал ќе се натпреваруваат на загревачкиот турнир пред УС Опен - Синсинати

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk