Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 3 нови случаи на коронавирус.
Бројот на активни случаи изнесува 57, од кои 42 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 71 лице.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 330.