Во Јапонија регистрирани се уште 1.264 инфицирани лица со Ковид-19, што е најголем дневен пораст на новозаболени лица од почетокот на пандемијата, соопшти јапонското Министерство за здравство.
Првапат во Јапонија се забележани над илјада заразени лица со новиот коронавирус за еден ден. Во изминатите 24 часа починале три лица, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 1.017.
Во Индија пак, во последните 24 часа е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот – 52.123, додека починале уште 775 лица.
Од почетокот на пандемијата во Индија се пријавени 1.583.792 случаи на Ковид-19, од кои починале 34.968 луѓе.
Над милион луѓе во оваа земја досега се излекувале вирусот.
Индија се наоѓа на третото место во светот по бројот на заразени, зад САД и Бразил, од кои, сепак, има пониска стапка на смртност од Ковид-19.