На списокот со фирми што зеле државна помош за плати на вработените, а не им ги исплатиле, за кратко се најде и „Телевизија 21“, па беше повлечена, објави 360 степени.
Фирмата „КОМПАНИ 21 –М ДООЕЛ Скопје“, според првиот список на Владата, зела сума од 565.000 денари како субвенција за исплата на плати.
Но, во ажурираниот список кој го објави Владата, оваа фирма ја нема.
Листата со фирми беше објавена, откако беше обелоденето дека стотици фирми ја злоупотребиле државната помош за ковид-кризата.
Извор: 360 степени