Во Македонија коронавирусот за нешто повеќе од четири месеци однесе 500 животи. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656.
Првиот смртен случај беше објавен на 22 март. Министерот за здравство Венко Филипче тогаш соопшти дека во земјава е регистриран прв смртен случај на коронавирус. Почина 57-годишна дишна жена од Куманово, која како што рече министерот, во локалната болница била третирана според протоколите. И биле направени два теста за коронавирус кои биле негативни, а откако вчера починала, посмртно и бил направен тест кој бил позитивен на коронавирусот. Филипче објасни дека лекарите одлучиле да и земат посмртно брис за тест за коронавирусот откако нагло и се влошила состојбата што било типично за овој вирус.
Во изминатото деноноќие починале тројца пациенти, еден од Битола, еден од Скопје и еден од Демир Хисар.
Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19.
И.Т.З.