Во текот на вчерашниот ден во Битола, Охрид, Прилеп, Берово, Крушево, Дебар, Кратово, Радовиш и Велес не се регистрирани нови случаи на заразени со коронавирус, а во Македонска Каменица повеќе од една недела нема новозаразаени. Во Валандово и Пехчево нема ниту еден активен случај.
Во последните три дена има повеќе оздравени од нови случаи, а во изминатите два дена има помалку тестирања.
Во понеделникот регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19, а 90 оздравени, додека пак во неделата беа регистрирани се 166 новизаразени и 180 озdравени.
Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 32
-Куманово 4
-Штип 5
-Тетово 7
-Кавадарци 8
-Гостивар 8
-Струмица 1
-Кочани 1
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 2
-Виница 1
-Свети Николе 1
-Кичево 2
-Неготино 1
Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид. Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 106.877 тестирања на ковид -19.
И.Т.З.