Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19, додоека пак Институтот за јавно здравје регистрираше 259 оздравени пациенти, што повеќе од двојно од новозаразени.
Честири дена по ред има повеќе оздравени оз новозаболени.
Вчера беа регистрирани 88 нови случаи, а 113 оздравени, додека пак во вторникот беа регистрирани 75 нови случаи, а 136 оздравени.
Во понеделникот беа регистрирани 74 нови случаи на ковид-19, а 90 оздравени, а во неделата беа регистрирани се 166 новизаразени и 180 оздравени.
Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402.