ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Се зголемува бројот на новозаразени во Грција и во Албанија

August 9, 2020 18:47
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 203 нови случаи на Ковид-19, што е рекордно висок број за земјата, но и број што од ден на ден се зголемува, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатото деноноќие почина уште едно лице, а од новите случаи, 29 се по направените тестови на влезните точки во земјата, додека, пак, зголемен е и бројот на пациенти кои се приклучени на апарати.

Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 5.623 лица, а регистрирани се 212 смртни случаи.

Грчките медиуми објавија дека поголемиот број нови случаи повторно се во Атина и Солун, 38 и 35, додека, пак, 50 се на Халкидики, поврзани со фабрика за обработка на маслиново масло. Останатите случаи се распространети во различни делови на Грција

Во последното деноноќие и во Албанија повторно е регистрирана висока бројка на новозаразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Од направените тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 136, при што најголем број од новозаразените или 66 се од Тирана, останите се речиси од целата територија на земјата. Во исто време битката со коронависот ја добиле 74 граѓани, додека ја згубиле шестмина, меѓу кои и еден од најпознатите скулптори и универзитетски професор Арбен Бајо (53), информираат од Министерството за здравство и социјална заштита.

Според истиот извор, со последните 561, досега направени се 45.942 теста, Ковид дијагностивирани се 6.411, оздравеле 3.342, починале 199, додека активни на болеста се 2.870.

Поголемиот процент од болните се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека 122 се хоспитализирани во двете болници Ковид, каде 21 пациент е во тешка здравствена состојба.

Албанската опозиција и денеска обвини дека нема транспарентност во врска со епидемиолошката состојба во земјата, посочувајќи го како пример градот Елбасан.

Состојбата во Елбасан е катастрофална, каде речиси цел здравствен персонал е позитивен на Ковид-19. Нема карантин, ниту тестови за оние кои имале контакт со заболените. Сето тоа е негрижа на Владата и Министерството. Рама и Манастирлиу зборуваат од морскиот брег, обвини демократот Луциано Боци.

Тој додада дека целата територија на Албанија е „црвена зона“ и оти „само Бог знае како ќе се избегне здравствена катастрофа која е блиску“, зашто „Владата си земала подолг одмор“

Next Post

Еден загинат, 20 повредени при пукање на собир за храна во Вашингтон

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk