Националниот институт за јавно здравје од Косово денеска соопшти дека од последиците на Ковид-19 последниот ден починале 11 пациенти, а нови 205 се заразени.
Вкупниот број починати во Косово сега изнесува 365. Досега заразата е потврдена кај 10.795 лица од 42.136 тестирани. Во истиот период излечени се 163 пациенти, а вкупно излечени се 6.411 лица. Активни се уште 4.019.