Албанската полиција во пристанишниот град Драч, запленила 26 килограми марихуaна преработена во форма на чоколадо.
Дрогата била открена при вторатата контрола на автобус кој сообраќал на релација Драч – Италија.
Уапсени се три лица, двајцата возачи на автобусот, жители на Пермет и на Тирана и управителот на транспортната фирма, жител на Драч, на вораст од 31, 49 и 59 години.
Освен дрогата, како доказен материјал запленето е возилото и шест мобилни телефони.
Случајот е предаден на обвинителството во Драч, а ќе одговараат за кривично дело „недозволена трговија со дрога во соработка“./МИА/