Во последните 24 часа се направени 1.414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19.
Во болнички услови почана 63 годишен пациент од Дебар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.595, бројката на оздравени пациенти е 10.110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.921.