Честит 8 Септември – Ден на независноста, драги сограѓанки и сограѓани!
Да бидеме горди на нашата татковина, на овој преубав мозаик на различности што го градиме заедно – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми..сите народи на Македонија!
Секогаш кога сме заедно, ги надминуваме сите предизвици и победуваме. Клучот на сите наши победи е токму тој мозаик, нашата различност, разнобојност, но единство во желбите, идеалите и љубовта кон нашата земја и сè она што таа го претставува.
Нашето единство, стремеж кон еднаквост, меѓусебна почит, нашите желби да живееме во поубава, поздрава, поправична, поразвиена и попросперитетна земја – нека бидат наша водилка и за иднината!
Честит 8 Септември, да живее нашата Република, да живее Северна Македонија, татковина на сите нејзини граѓанки и граѓани!