ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис: Враќањето на турскиот истражувачки брод „Оруч Реис“ во Анталија е првиот позитивен чекор

September 13, 2020 16:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Враќањето на турскиот брод „Оруч Рејс“ во Анталија, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е „прв позитивен чекор“, изразувајќи надеж дека ќе има и продолжение кон деескалација, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната прес конференција во Солун, Мицотакис повтори дека Грција сака да разговара со Турција, но во мирна клима, без провокации и еднострани активности за единствената разлика, одредување на морските зони.

-Сакам да верувам и да се надевам дека вчерашниот потег е прв чекор во правилна насока. Очигледно, треба да има и продолжение, бидејќи деескалацијата не е нешто што се случува во еден момент. Штом видиме знаци во оваа насока, Грција е секогаш подготвена, зошто не и набргу, за нов циклус контакти со Турција, рече Мицотакис.

За евентуална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Мицотакис рече дека не е негативен во однос на таква средба и дека доколку постои добра волја и доверба „подобро е да се разговара и да се сретнува, отколку да не се разговара и да нема средби“.

Одговарајќи на новинарско прашање за соопштената програма за набавка на воени авиони и фрегати рече дека е „амбициозна, но во рамките на економските можности на земјата“ и објасни дека од 18-те воени авиони „Рафал“, шест се нови и ќе ги заменат старите „Мираж“, додека пак 12 се малку користени од француското воено воздухопловство.

Додаде дека првите авиони ќе стигнат на средината на 2021 година, а планирано е набавката да се финализира до почетокот на 2022 година.

Во однос на коронавирусот  и пандемијата, изрази уверување дека ќе постојат, не една вакцина, туку повеќе и повтори дека вакцинирањето ќе биде бесплатно.

-Нашиот проблем е друг, проблемот е да ги убедиме Грците да се вакцинираат, истакна Мицотакис, објаснувајќи дека оние кои што се против вакцината, за жал се побројни од оние кои се против употреба на маска.

Рече дека е апсолутно убеден дека вакцината ќе биде безбедна, исто толку колку што е безбедна вакцината за грипот и потенцираше дека, ако е потребно, за да им даде пример на граѓаните, симболично, тој и неговото семејство ќе бидат првите што ќе се вакцинираат.

За ситуацијата на Лезбос и по последните случувања во Мориа, грчкиот премиер објасни дека треба да се изгради нов Центар за прием и идентификација на бегалците и мигрантите „што нема да ги има негативните страни на Мориа“ и откри дека вчера разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, за можноста Германија да прими дел од семејствата кои веќе добиле азил.

На традиционалната прес конференција, што секоја година се одржува во септември во Солун, во рамките на Меѓународниот саем, а еден ден по говорот на премиерот, Кирјакос Мицотакис речиси три часа одговараше на прашањата што ги опфатија сите актуелни теми во Грција.

Next Post

Спасовски: Сите ќе бидат еднакви пред законот ако ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk