На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи дека група млади луѓе, на сиот глас пеат „Мртов Шиптар- добар Шиптар ле а-ле“
Петрит Сарачини, кој го објави видеото на Фејсбук напиша:
Не барам од моите пријатели Македонци да го осудат ова. Тие што ми се добри пријатели, знам дека го осудуваат.
А од „пријателите“, тапшачите по рамо, „неутралните“, оние што за извиците на Комити молчат а редовно ме прашуваат „а каде си ти за Балистите и Шверцерите…“ што сум ги осудил стопати (ама нема кој да прочита) – нема поента ни да се бара каква било осуда. Тие само го мислат она што Комитите гласно го кажуваат.
Многу побитно за сите нас – Да бараме од МВР и од Обвинителството да преземат мерки против ова разгорување на меѓуетничка омраза. По службена должност, како што вели Кривичниот законик за вакви дела! #StopZaOmrazata
Д.Е.