ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Дваесет и осум мигранти откриени во Лојане и Ваксинце, три лица се приведени

September 20, 2020 14:22
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет и осум мигранти се пронајдени изутринава во акција на полицијата при претрес во две куќи во селата Лојане и Ваксинце, а три лица се приведени во врска со случајот.

Како што информира денеска Сузана Праниќ Талевска, од Секторот за односни со јавност во МВР, припадници на Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со Единицата за прво распоредување и полициски службеници од СВР Куманово, по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово рано изутринава извршиле претрес во две куќи во селата поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

-При извршениот претрес во домот и помошни простории во сопственост на лицето Ќ.А. (66) во селото Ваксинце пронајдени се 10 лица мигранти од Бангладеш поради што Ќ.А. и Ф.А .(27) и двајцата од село Ваксинце се приведени, додека во селото Лојане при претрес на дом и помошни простории во сопственост на А.А. (48) кој е во моментов надвор од државата биле пронајдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан и две од Авганистан меѓу кои и четири малолетни лица. Во врска со настанот приведено е лицето З.А. од селото Лојане, информира Праниќ Талевска.

Во текот на денешниот ден приведените лица ќе бидат изведени пред суд, мигрантите ќе бидат префрлени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418в од Кривичниот законик.

Праниќ Талевска информираше за уште еден случај за ставање крај на трговијата со дроги на подрачјето на Кичево.

-Во текот на вчерашниот ден Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во соработка со Одделот за специјални полициски операции и полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Кичево во рамки на оперативна акција чија цел е конечно ставање крај на трговијата со наркотични дроги преземаа мерки и активности за лишување од слобода на дилери на подрачјето на Кичево, изјави денеска Праниќ Талевска.

Таа напомена дека вчера во вечерните часови во центарот на Кичево е запрено патничко возило „ауди“, управувано од С.А. каде како совозач бил неговиот брат А.А.. При извршениот преглед на возилото пронајдени се пакувања марихуана, поголем  износ на парични средства и нож.

-По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд во Кичево извршен е и претрес во нивниот дом во Кичево при што се пронајдени кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и големи износи на парични средства за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажбата на наркотична дрога, истакна таа.

Нагласи дека покрај ова, против овие лица С.А. и А.А. во изминатиот период се поднесени бројни кривични пријави до надлежното јавно обвинителство и судот и тоа за агресивно и насилно однесување, загрозување на сигурноста преку упатување на сериозни закани по граѓани, полициски службеници и нивните семејства кои за жал завршиле без исход.

Против овие две лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 со предлог за определување на мерка притвор.

Next Post

Шахпаска: Следната година нов закон за работни односи

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk