По повод одбележување на 55 години од своето постоење, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во периодот кој следи ќе организира повеќе дебати на теми поврзани со неговата научно-истражувачката и образовна дејност.
Како што информираат организаторите, првата расправа ќе биде за Законот за спречување и заштита од дискриминација кој беше донесен во ноември 2019 година, а во мај годинава истиот беше укинат.
На настанот свое излагање ќе имаат Проф. д-р Мирјана Најчевска, „Институт за социолошки и политичко- правни истражувања- Скопје“; Драгана Дрндаревска, правна советничка во Коалиција Маргини и координаторка на Мрежата за заштита од дискриминација. Мухамед Точи, Граѓанска организација „Месечина“.
Сите обраќачи се членови на Националното координативно тело.
Дебатата може да се проследи преку линк на плаформата Zoom, а повеќе информации можете да прочитате на најавата на Фејсбук.
Д. Е.