ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во недела ќе се трча Виз Ер Скопскиот маратон

October 1, 2020 14:38
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Само три дена не делат од почетокот на најмасовната спортска манифестација во земјава  Виз Ер Скопски маратон на која на градските улици ќе учествуваат неколку илјади маратонци, полумаратонци и рекреативци. Деталите поврзани со годинешната 16-та трка на денешната прес-конференција ги соопштија градоначалникот Петре Шилегов, заменик-директорот на Агенција за млади и спорт, Измит Нура и  директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски.

-„Трчањето ќе ве промени“ – тоа е мотото под кое годинава традиционално, по 16-ти пат, натпреварувачите го трчаат Виз Ер Скопскиот маратон. Не можам да го сокријам моето задоволство што Скопскиот маратон прерасна во една од најголемите спортски манифестации во државата и еден од најмасовните улични маратони во регионот.  Упатувам честитки до организаторот Сојузот на спортови Скопје, кој заедно со коорганизаторите и во ваквите вонредни околности настанати заради светската пандемија на коронавирусот, успеаја да најдат начин како безбедно да ги отворат вратите за натпреварувачите од целиот свет почитувајќи ги протоколите за заштита на јавното здравје – рече Шилегов.

Тој додаде дека Градот Скопје е домаќин и покровител на Скопскиот маратон, заедно со Канцеларијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Во организацијата на маратонот вклучени се професионалци и волонтери што се грижат маратонот да помине во најдобар ред и покрај отежнувачките околности, за што сакам од срце да им се заблагодарам. Градот Скопје како и секогаш, обезбеди логистичка и финансиска поддршка за потребите на организацијата. Јавни претпријатија на Градот имаа задача да се погрижат за состојбата и безбедноста на патеката долга 42.195 метри – изјави Шилегов.

Секоја година екипите на Градот  ја подобруваат сообраќајната инфраструктура и во  моментов во тек се реконструкциите на повеќе од 10 сообраќајници.

Внимававме тоа да не претставува пречка за движењето на учесниците на маратонот, така што освен со исклучок на 250 метри кај улицата 11-ти Октомври каде што реконструкцијата започна вчера, патеката не поминува на ниту една од преостанатите улици чија реконструкција е во тек. Сосема на крајот, на сите учесници им посакувам успешна трка, добра забава и дружење и нека победат најдобрите – кажа Шилегов на прес- конференцијата.

 

Next Post

Обид на Мицкоски да го замолчи Богојески преку Иванка Василевска Додовска

Shortcut

Најново

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk