ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Роналдо се вмеша во скандал, се чека реакција на управата на Јувентус

October 11, 2020 17:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Италија ја тресе нов скандал, а Кристијано Роналдо е главниот виновник за тоа.

Како што пренесе „Газета дело спорт“, португалскиот ас го предводел бунтот на играчите на ФК Јувентус веднаш по неодиграниот натпревар со Наполи минатиот викенд.

И, несомнено, тој ќе биде казнет затоа што не само што го прекршил утврдениот протокол за спречување на ширењето на пандемијата на новиот коронавирус САРС-КоВ-2, туку тој на своја рака ја напуштил изолацијата, заминал дома и се ставил на располагање на националниот тим, а и други sвезди на Јуве ја следеле неговата постапка.

Имено, кога беше откриено дека двајца вработени во клубот, кои не се во стручниот штаб, и не се дел од играчкиот кадар, се заразени со новиот коронавирус, целиот тим на Јувентус мораше да се изолира според сегашните медицински прописи во италијанскиот фудбал. За такво нешто, планиран е неговиот „Ј хотел“, кој се наоѓа веднаш до тренинг центарот „Ла Континаса“.

На Роналдо не му паѓало на ум да остане во таква изолација долго време, бидејќи само ден претходно, како и сите други членови на тимот, тој беше негативен на тестирањето, и не сакаше да го пропушти репрезентативното дерби со Франција.

Кога играчите на „старата дама“ по втор пат беа негативни на тестот, требаше да останат во „меурот“ и да го чекаат третиот тест, но Роналдо едноставно решил да си замине.

И тоа не тивко.

Тој гласно се побунил пред своите соиграчи, но и челниците на клубот, заминал, отишол да ја помине ноќта дома со семејството, а еден ден подоцна заминал во Португалија за да игра против Шпанија на пријателски натпревар.

При ремито (0:0), Кристијано Роналдо одигра 72 минути, а денес ќе и биде на располагање на репрезентацијата на гости кај Франција, каде ќе се сретнат двете водечки екипи од елитната група на Лигата на нации по триумфот против Швеѓаните и Хрватите во воведните кола.

Бунтот на Роналдо ги „крена“ и неговите соиграчи, па така карантинот го напуштија Пауло Дибала, Родриго Бентанкур, Данило, Мерих Демирал и Хуан Квадрадо, кои заминаа во своите репрезентации, додека легендарниот голман Џанлуиџи Буфон само си замнал дома.

Раководството на Јувентус ги информираше властите во италијанскиот фудбал за нивното однесување, решија да почекаат „бунтовниците“ да се вратат и да одлучат за нивните казни, додека другите играчи, во „колективна изолација“ во клупскиот хотел поминаа до среда кога, по негативните резултати од тестот, ослободени се да одат во своите домови.

Next Post

Двајца пратеници позитивни на Ковид-19, се уште не знае колкумина ќе одат во самоизолација поради контакт со нив

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk