ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи – Логар: Eдинствен логичен исход за валоризација за реформските напори на С. Македонија e Меѓувладина конференција до крајот на годината

October 19, 2020 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Организирањето на првата Меѓувладина конференција до крајот на годината ќе претставува единствен логичен исход и валоризација на сите реформски напори на Владата на Северна Македонија и на нејзината конструктивна политика во односите со соседите, порача денеска министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар по средбата со својот македонски колега, министерот за надворешни работи Бујар Османи, пренесува МИА.

На заедничката прес-конференција по средбата во Љубљана, Логар уште еднаш ја реафирмираше силната поддршка на Словенија за македонските евроинтеграции.

-Нашите очекувања се високи. Сметам дека со право и ние и граѓаните очекуваме финализација на преговарачката рамка и одржување на Меѓувладината конференција за време на германското претседателство со ЕУ со што и формално ќе ги почнеме пристапните преговори за членство со Унијата до крајот на оваа година, изјави министерот Османи.

Тој изрази уверување дека по примерот на другите земји кои пристапија во ЕУ во последните две децении, како што е и Словенија, со позитивен пристап и отвореност, ќе ги надминеме предизвиците и со нашите пријатели од Бугарија.

На средбата, покрај развојот и потенцијалите на билатералните односи, доминираа темите поврзани со европската агенда на Северна Македонија, новата методологија, тековните дискусии за преговарачката рамка за земјата, како и за нашите очекувањата за одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на годинава во рамки на Германското претседателство со ЕУ.

-Ние сме свесни дека за оваа одлука, како и за многу наредни, ќе треба постојано да ја имаме поддршка од сите нашите пријатели внатре во ЕУ, вклучувајќи ги тука и нашите соседи Грција и Бугарија. Верувам дека по примерот и на другите земји кои пристапија во Унијата во последните две децении, како што е впрочем и Словенија, со позитивен пристап и отвореност ќе ги надминеме предизвиците и со нашите пријатели од Бугарија и нема да дозволиме да биде загрозена европската перспектива на регионот, подвлече Османи.

Шефот на макдонската дипломатија го информираше својот домаќин, министерот Логар, за засилената активност на државата по ова прашање изразена и преку посетата на официјална Софија, како и засилената активност на работата на Мешовитата комисија за историски прашања.

Османи денеска ќе се сретне и со претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчич, како и со претседателот на Словенија, Борут Пахор кој минатиот месец, кога ја посети Северна Македонија, јасно порача дека Меѓувладината конференција со ЕУ да се одржи веднаш и без одлагање, нагласувајќи дека тоа е приликата што ЕУ не смее да ја пропушти.

Утре Османи заминува во работна посета на Република Хрватска, каде покрај средбата со домаќинот, министерот за надворешни работи, Горан Грлиќ – Радман, ќе оствари средби и со премиерот, Андреј Пленковиќ, како и повеќе средби во рамките на хрватскиот Парламент.

Next Post

Бочварски: Стабилен и добар енергетски систем важен предуслов за странски инвестиции

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk