ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Работно време на угостителски објекти до 23 часот, јавниот превоз редуциран на 50%, администрацијата ќе работи во смени или онлајн

October 20, 2020 20:47
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести за ограничување на работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и за ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 отсто од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Како што соопшти владината Прес-служба, на седницата е прифатена и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, да ја организираат работата во смени или онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

– На оваа седница Владата ја прифати препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината, се наведува во соопштението.

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобрила и Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

– На денешната седница Владата го утврди Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на Република Северна Македонија или со средства од Европската Унија, односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19, се наведува во соопштението.

На владината седница е утврден и новиот текст на Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и согласно член 170 од Деловникот на Собранието, ќе го достави до пратениците на усвојување.

– Овие дополнувања се со цел да обезбедат стабилни приходи и да се олесни работењето на општините во време на КОВИД-19 за 2021 година, кои се дел од Пакетот 4 на Владата на Северна Македонија, информира владината Прес-служба./МИА/

Next Post

Маричиќ на онлајн конференција Глобален дијалог на министрите за правда: Пандемијата донесе предизвици и во правосудството

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk