Ковид-19 зеде уште една жртва од медицинската фела во земјава. Како што објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), денеска починал познатиот и почитуван хирург од Штип, Ѓорѓи Денков.
Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите. Ова е 9-та жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата. Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на САРС-КоВ-2. Овие загубени животи не смеат да бидат залудни, напишаа од АСМЛ.