Познатиот македонски графички дизајнер, Зоран Кардула, на својот Фејсбук профил објави нова илустрација со која дава предлог парите кои партиите треба да ги земат од буџетот, да се пренаменат за хонорари на здравствените работници.
Еве еден предлог од мене
Posted by Zoran Cardula on Saturday, 21 November 2020
Зоран Кардула е еден од најкреативните македонски активисти, кој своите моќни пораки ги искажува преку илустрација. Граѓаните во коментари веднаш ја поддржаа неговата иницијатива, а фотографијата за неколку часа веќе има голем број на споделувања.
И.Е.