Премиерот Заев по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените „16 дена активизам“ потенцира дека сите ние, а особено мажите, имаме и општествена одговорност да создаваме атмосфера во која насилството врз жените е неприфатливо и срамно!
Работиме во насока на препознавање на родово базираното насилство и насилството врз жената, негово навремено детектирање и активен однос при преземање мерки за негова превенција, истакнува министерот Спасовски.
Министерката Царовска во видео обраќањето по повод одбележувањето на 16 дена активизам рече дека за родово базираното насилство треба гласно да зборуваме постојано, а не само во деновите кога трае кампањата.
Нужно секој од нас да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори, вели претседателот Пендаровски.
Одложено рочиштето за „Моќник“, екс лустраторот Томе Аџиев позитивен на Ковид 19. Во судница беше присутен обвинетиот Антонио Милошоски, кој заедно со уште 12 лица се обвинети за продажбата на објект во село Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.
ФРОНТ – Бајден: Империјата ќе го возврати ударот!, колумна на Сашо Орданоски.
Бајден: САД ќе го предводат светот, нема да се повлекуваат од него.
Во Германија, во последните 24 часа починаа 410 лица како последица на коронавирусот, најмногу за еден ден, а бројот на потврдени случаи се зголеми за 18.633 на 961.320, според денешните податоци на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.
Во Русија, во изминатите 24 часа починаа 507 лица од коронавирус, што е првпат од почетокот на пандемијата бројот на смртни случаи во еден ден да надмине 500.
Угостителските и услужните објекти во Црна Гора од денеска ќе бидат работата од 7 до 18 часот, додека од 19 до 5 часот наутро ќе важи забраната за напуштање на домовите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, дома се пуштени 27 оздравени пациенти.
Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците располагаат со слободни кревети.
Ј. Ѓ.