ВЛАДАТА вечерва потврди дека ќе достави до Собранието предлог за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година.
ПРАТЕНИКОТ на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца, откако Министерството за правда, поради неговата пратеничка функција му ја одзема дозволата за работата, односно е разрешен од нотарската служба.
БИЗНИСМЕНОТ Фијат Цановски, како оштетен во случајот „ТНТ”, денеска во Кривичниот суд даде исказ како сведок предложен од страната на одбраната.
ДЕНЕСКА се регистрирани 1069 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 1242 пациенти, a починати се 29 лица.
ВЛАДАТА ќе им додели еднократна парична награда во висина од 30 илјади денари на седумте пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување кои отстранија над 7.000 парчиња или 52 тона гаранти во близина на Градскиот стадион во Битола.
ВО ПОСЛЕДНОТО деноноќие повторно висока бројка на новозразени со Ковид -19 во Албанија, но забележан е и највисок процент на новозразени од тестираните.
УТРЕ без вода дел од корисниците во Центар и Гази Баба.
ЛОКАЛНИОТ пат за село Ростуше утре во периодот од 10 до 17 часот ќе биде затворен за сообраќај поради асфалтирање.
ЕВН информира дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и задутре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров.
ОРГАНИЗАЦИЈАТА „Прес емблем кампејн“ (Press Emblem Campaign) со седиште во Женева објави дека од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 во 56 држави починале 489 медиумски работници.
ВО ГРЦИЈА повторно е зголемен бројот на нови и смртни случаи, од Ковид-19, регистрирани се 2.199 новозаразени, а починаа 111 лица , јави дописничката на МИА од Атина.
НАМЕСТО традиционалната церемонија, Нобеловите награди годинава на лауреатите ќе им бидат доделени во нивната татковина, на места одредени од шведските дипломати.