ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Инвестициите во зелена економија и зелена енергија се клучни приоритети

December 8, 2020 15:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија за промовирање на циркуларната економија, дома, но и во регионот во својата индустриска политика се фокусира на стратешките цели поврзани со катализацијата на зелената индустрија и зеленото производство, што е опфатено во новата индустриска стратегија 2018-2027 година, истакнал министерот за економија Крешник Бектеши во своето видео- обраќање на Светскиот форум за циркуларна економија на тема „Промовирање на циркуларноста во економиите во транзиција: Улогата на трговијата и економската соработка“ што се одржа денеска во организација на Економската комисија за Европа во рамки на Обединетите Нации (UNECE).

Министерот Бектеши потенцирал дека инвестициите во трансформација на зелена економија и зелена енергија се клучни приоритети на Северна Македонија, и оваа година и покрај економската криза предизвикана од пандемијата, се вложуваат максимални напори за зголемување и промовирање на циркуларната економија во земјата што ќе придонесе за поодржливо користење на ресурсите, за поодржливо производство, поодржлива потрошувачка и подобро управување со отпадот.

– Позеленувањето на една компанија или индустрија не е еднократна акција, туку континуиран процес на радикални промени што доведуваат до подобрување на перформансите. Условите што го промовираат зазеленувањето на индустријата не можат да се постигнат со единствен политички инструмент. Сите индустрии, без оглед на секторот, големината или локацијата, континуирано ги зголемуваат нивните еколошки перформанси. Ова вклучува заложба за намалување на влијанијата врз животната средина на процесите и производите со поефикасно користење на ресурсите, укинување на токсични материи, замена на фосилни горива со обновливи извори на енергија, надградба на индустријата за дигиталното доба, низок-јаглерод, иновации, инвестиции и интернационализација, рекол  министерот Бектеши, стои во денешното соопштение од Министерството за економија.

Во обраќањето тој додал дека во Национална програма за конкурентност, иновации и претприемништво, Министерството за економија ги поддржува компаниите да развиваат проекти за проценка на компанијата и воведување на концептот на циркуларна економија, гледајќи го целиот животен циклус на производи, намалување на отпадот и современо управување со отпад и рециклирање.

– Во оваа смисла, започнавме да организираме активности за подигање на свеста и градење на капацитети за промовирање на зелената економија. Намерата е подобро да се разберат предизвиците и важноста од воведување на новиот концепт во функционирањето на сите нивоа, почнувајќи од самите компании, потенцирал министерот.

Во делот на енергетиката, Бектеши посочил дека Северна Македонија презема важни чекори за производство на електрична енергија со обновливи извори се со цел да се намали зависноста од емисиите на стакленички гасови.

– Подготвивме Национален план за енергија и клима 2021-2030, со што ги усвоивме петте димензии на Енергетската унија, односно декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност на снабдување со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност. Во овој план се предложени околу 63 специфични политики и мерки за да се постигнат утврдени цели за секоја од петте димензии, потенцирал министерот за економија.

Додал дека една од клучните цели на Министерството за економија е на постепено затворање на електраните на јаглен и забрзување на употребата на обновливи извори за производство на електрична енергија во комбинација со енергетска ефикасност.

– Северна Македонија веќе го ратификуваше Парискиот климатки договор, придонесувајќи во глобалните напори да се намалат емисиите на стакленички гасови предизвикани од согорувањето на фосилни горива за 30%, што е тенденција за 36% повисоко, до 2030 година.Минатиот месец, за време на Самитот на Западен Балкан, регионот ја усвои Декларацијата за зелената агенда. Со ова, регионот се обврзува да следи процес на транзиција од линеарна во циркуларна економија, потполно свесни за потребата од систем за истражување и иновации за поддршка на оваа транзиција, како дел од заедничкиот регионален пазар. Следниот чекор е подготовка на Акционен план со патокази за спроведување на оваа Декларација за зелената агенда и воспоставување на ефективен и ефикасен систем за следење, потенцирал министерот во своето обраќање на светскиот форум за циркуларна економија на тема „Промовирање на циркуларноста во економиите во транзиција: Улогата на трговијата и економската соработка“.

Next Post

Владата усвои нацрт-закон за распределување на Рамковно вработените

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk