Тетовската полиција приведе 39 годишник од Боговиње во врска со случајот кога две лица на дете му помагаа да пука од оружје, а снимката беше објавена на социјалната мрежа Тик-ток. МВР преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност работеше за откривање на идентитетот на лицето.
Пожарот, кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е изгаснат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици.
Затоа, во вакви моменти, на предизвик, треба да покажеме европски вредности. Дијалог, наместо конфликт. Смиреност и подготвеност за соработка, наместо национализам за домашна употреба и нови изолации. Заеднички успех, наместо споделен неуспех. И ние и бугарската страна имаме обврска за македонските и за бугарските граѓани да испорачаме европска иднина, но со почитување на европските вредности, вели Заев
Во септември оваа година ќе се одржи првата цивилна вежба на НАТО-координативниот евроатлантски центар за одговор на катастрофи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre). Вежбата првично требала да се одржи лани во септември, но терминот е поместен.
СДСМ како одговорна и државотворна партија, посветна на европскиот пат, презема сериозни чекори во обезбедување на подобар живот на македонските граѓани со создавање развојна, силна и стабилна економија, грижа и просперитет во секоја сфера.
И ете го реперот – кој е спремен да одработи и да биде сервис на граѓаните од кои е платен, не треба да се грижи за ништо. Се разбира, дел од администрацијата природно ќе гравитира кон бизнис секторот, а дел ќе се пензионира согласно законските рамки. Во секој случај, владината политика е јасна – администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните, нагласува Заев.
Нема предвремени избори и нема да има неосновано изнудување на оставка на Владата. Нема ниту потреба, ниту логика за оставки. Таквата постапка би била изневерување на сите што дадоа поддршка за европската агенда на земјата.
Министерот Османи, како што соопшти МНР, на самиот старт на новата година, упати писмо до министерките за надворешни работи на Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Олта Џачка, преку кое предлага нова мултидисциплинарна иницијатива, политичка платформа преку која би се интензивирала и продлабочила меѓусебната соработка, како стратешки интерес за трите држави.
Носителите на извршната власт, претседателот и Владата биле во целост онлајн, додека бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми се зголемил за три, споредбено со 2019 година и изнесува 74 од вкупно 81. Двонасочната комуникација останува предизвик и за 2021 година, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи