ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Европска Бугарија сé уште талка по минатовековното балканско беспаќе

Бугарското општество е многу далеку од елементарните европски вредности, ако под европски вредности, нели, се подразбира неприкосновеното цивилизациско право на секој поединец, група луѓе, нации, народи, да си се определуваат така како што во овој ХХI-ви век тие тоа самите го сакаат.

January 6, 2021 14:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ / ЦИВИЛ МЕДИА

Македонија не доби ЕУ преговори, но затоа пак Бугарија доби уште едно големо историско ништо.

Најкусо, вака некако би бил, нека и најсубјективен, заклучокот за хирот на бугарските актуелни власти со ембаргото врз почетокот на македонските ЕУ преговори.

Декември одамна беше утврдениот месец за усвојување на преговарачката рамка и за одржување на долго очекуваната меѓувладина конференција на Република Северна Македонија со Европската Унија, чин со кој и официјално требаше да стартува преговарачкиот процес за европското интегрирање на нашата земја.

Декември мина, мина и македонската ЕУ година, а со неа и оптимистичкото германско претседателство. Република Северна Македонија пак го губи уште едно долго драгоцено интеграциско време. А што пак од сето доби актуелна Бугарија?

Ништо. Ниту Охрид стана бугарски ниту пак Македонците се разбудивме како  Бугари. Овој европски берлински пораз нека го анализираат политиколозите и нека го проучуваат оние кои се занимаваат со современа историја. Но оттаму, од соседна Бугарија, ајде сега во ова нејзино постблокадно европско време, да каже некој, нека дефинира прецизно, нека одговори било кој, макар е тоа политичар, историчар или граѓанин, сеедно, било кој воопшто, што тоа со ветото врз Македонија доби државата Бугарија? И, што тоа добија бугарските граѓани и нивното општество?

Одговорот е сосема јасен: Ништо! За нив е тоа само уште едно големо историско ништо. Епилогот е во фактот што ем сакаат да сме Бугари, ем оттаму не туркаат во обратна насока, во сé подлабок анимозитет спрема државата Бугарија и нејзините политики спрема Македонија и Македонците.

Во ова време, во ова историско време на почетокот на третата декада на 21-от век, во оваа дигитална глобалистичка ера, историски елементи да се поттураат како некакви идентитетски факти поради нешто, поради некакви цели, било кави и да се мотивите за тоа, е само еден обичен, примитивен политички и посебно дипломатски дилетантизам.

Жално е, но е факт дека со антимакедонизам се инфицирани и сегашниве бугарски политички генерации. Децениската индоктринација си го прави своето. Бугарија сака да се прикажува голема, моќна, значајна. Таму уште се учи и се знае само за тамошните големите историски победи. За големите историски порази се пишува и се учи сосема малку или речиси ништо.

На бугарските власти, на овие сега и веројатно и на наредните, ќе им треба соочувања со минатото. Со она полујасно минато толку длабоко вгнездено во нив самите. Соочување со индоктринаторската идеолошка сталинистичко-живковистичка матрица која кај нашиот источни сосед е длабоко вкоренет во сите политичко-партиски пори.

На извесен начин, бугарските политички елити се во некакво ментално историско заложништво. Бугарското општество е многу далеку од елементарните европски вредности, ако под европски вредности, нели, се подразбира неприкосновеното цивилизациско право на секој поединец, група луѓе, нации, народи, да си се определуваат така како што во овој ХХI-ви век тие тоа самите го сакаат.

Неотсонуваните историски соништа, посебно напластените тескоби од годините на бугарскиот фашизам и од децениите на бугарскиот тоталитарен комунизам, минато кое го премолчуваат и за своите сегашни, а ќе го прават тоа веројатно и натаму и за идните генерации, се фрустрирачки. Под таквите генерациски наследени товари, се уште, сега нели европска, стенка и оваа актуелна бугарска политика. И наместо да гради добрососедски релации за приближување и кооперации меѓу „двете држави и двата народа“, како што е дефинирано и во бугарско-македонскиот договор за пријателство од 2017-та година, европска Бугарија, еве, талка и натаму по минатовековните балкански  беспаќа.

Сепак, надежно е тоа што бројни интелектуални сигнали од „Столицата“ се огласуваат со јасни пораки дека токму тоа, минатото, со сите  негови светли страни и со сите негови темни петна, е непотребно бреме за целото европско бугарско општество. Непотребен неевропски  баласт од кој бугарската политика, по сите прашања, па и по оние за Македонија и за Македонците, кај и да е, ќе треба да се ослободи. Таквите апели на засега по број скромната, но по интелектуалниот потенцијал моќна бугарска јавност, е европската надеж и за европска  Бугарија.

Но, како и за сé, така и за ова, прашање е кога нивните цивилизациски пораки ќе допрат и до старомодните бирократизирани бугарски политичари и уште колку време ќе треба да ја надвиснат нивната примитивна политика.

Одговорот е во времето. А по правило, тоа секогаш работи за прогресот.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаЕУисторијанационализамсталинизамТодор Живков

НАЈНОВО

Инаугурација на папата Лав Четиринаесетти. Фото: Скриншот

Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

May 18, 2025

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

May 18, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ: Студентите се заведени од социјалните мрежи и нивните професори, не ме интересираат никакви барања, само народот ќе се слуша

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk