ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Која е Татјана Михајлова – разрешената судијка што му местела судии на Груевски, ги оспори „бомбите“ како докази и ги казни Јанева и Фетаи

Сега веќе разрешената Михајлова ќе остане запаметена како жена која преку кодошење на свои колеги – адвокати, но и судии, од поранешниот премиер Никола Груевски беше наградена со тоа што беше именувана за судија во скопскиот кривичен суд......пишува Правосудство.мк.

January 20, 2021 23:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Многу оскудни информации можат да не најдат на официјалната страна на судот за биографијата на  разрешната судијка Татјана Михајлова. Пишува само дека работела кривична материја. Но, на јавност и е позната по предметите кои ги водела, како и по тоа дека беше в.д претседателка на Кривичниот суд од декемрви 2016 година, се до нејзината неотповиклива оставка на 7 март 2017 година (само по три месеци).

Додека беше на оваа функција го смени годишниот распоред на судиите, со кој дел од судиите од кривичен беа префрлени во прекршочниот или други оддели во Судот, а медиумите и дел од експертите тоа го поврзаа со опструирање на предметите на СЈО.

Таа дојде на местото на сега веќе осудениот судија Владимир Панчевски кој во август минатата година беше доби три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби на АКМИС-системот.

По кои предмети е позната Михајлова и опструкциите кон СЈО

„Насилство во Општина Центар“ – Судијката Михајлова на јавноста и е позната како судијка која го водеше случајот „Насилство во Општина Центар“, на сега веќе непостоечното Специјално јавно обвинителство или СЈО ( Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите) .

Во декември 2016 година, на судењето за овој предмет Михајлова одби дел од „бомбите“ и сведочењето на заштитениот сведок да бидат користени како докази во судскиот процес што СЈО го отвори против поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште други 11 лица, обвинети за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година.

Михајлова по оваа одлука излезе со образложение дека во согласност со законот за Кривична постапка и со Законот за заштита на сведоци, не е предвидено во ваков случај за насилство да биде користен заштитен сведок, додека за „бомбите“ образложението беше дека тие се прибавени на незаконит начин и спротивно на Уставот и на законите со кои се гарантираат човековите права, како и на неколку меѓународни конвенции.

СЈО за ова поднесе жалба до Апелацискиот суд. На едно од рочиштата за овој случај Михајлова ги казни со 2.000 евра поранешната прва јавна обвинителка на СЈО, Катица Јанева, која сега е во притвор за случајот „Рекет“ и обвинителката Фатиме Фетаи за „елементарно непочитување на судот“, а тие ја нарекоа „фалсификатор“.

„Ликвидација“  – Таа беше судијка и во овој случај, во кој меѓу обвинетите, а потоа и осуден на четири и пол години затвор беше и новинарот Томислав Кежаровски. Според познавачите, одлуката на судијката била политички мотивирана и „нарачана“ од поранешниот премиер Никола Груевски.

Според Правосудство.мк, речиси и немало случаи каде Михајлова не изрекла мерка притвор, но според објавата на порталот, ќе остане запаметена и како судијка кој влегувала во отворена конфронтација со Јавните обвинители од некогашното СЈО, но и како верен послушник на Владимир Панчевски, кој, пак, ја постави за негов заменик, откако му заврши функцијата претседател на скопска „единица“.

Приврзаничка на Груевски која ги кодошела колегите 

Сега веќе разрешената Михајлова ќе остане запаметена како жена која преку кодошење на свои колеги – адвокати, но и судии, од поранешниот премиер Никола Груевски беше наградена со тоа што беше именувана за судија во Скопскиот кривичен суд и тоа во Одделот за организиран криминал и корупција. Михајлова ќе остане запаметена како судија „Сваровски“, односно како судијка која спроведуваше политички одлуки, а една од нив е и притворањето на новинарот Томислав Кежаровски, на неколкумина судии, еден обвинител и на уште неколку други лица во предметот наречен „Ликвидација“, пишува Правосудство.мк.

Татјана Михајлова додека била в.д. претседателка на Основниот суд Скопје 1 направила прераспоредување на судиите кои долги години биле во Кривичниот суд Михајлова ги преместила во Судот за прекршоци.  Медиумите пишува дека меѓу прераспоредените биле Весна Димишкова, судијка која даде наредба за претрес на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање, која е прераспоредена во одделот за малолетници, судијката Славица Андреева која ја замрзна сметката на фирмата Финзи и одреди притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, како и 13 судии кои се потпишаа на петицијата против екс претседателот на Основниот суд, Владимир Панчевски.

Односно, според текстот на Фактор од 21 февруари 2017 година, за „бомбите“ беше одлучено да судат  судиите Панчевски, Моника Бахчовановска, сопруга на тогашен функционер од ВМРО-ДПМНЕ и Лидија Петровска.

Одлука на Судски совет за разрешување на судијката

Судскиот совет на денешната седница ја разреши судијката од Основниот кривичен суд Скопје поради поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и злоупотреба на АКМИС-системот, кој електронски ги дели предметите кај судиите. Нестручното работење на судијата е утврдено за период од две до три години.

Постапката за разрешувањето на судијата, како што изјави претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, се водела околу една и пол година, но притоа не откри за кого станува збор.

„Не можам да ви кажам за кого одлучувавме, меѓутоа факт е дека на денешнта седница имавме посебна точка за утврдување на одговорност на судија и нашата одлука е дека се разрешува од функцијата судија на конкретниот суд, поради повреда на одредбите од судскиот деловник по однос на примената на системот, изјави Здравев.

Судијката, според Здравев, од здравствени причини поднела барање за престанок на функцијата, бидејќи исполнува услови за пензија со 62 години и 15 години работен стаж.

Здравев рече дека во 2020 година за утврдување на одговорност, биле поднесени барања пред Судски совет за околу 107 судии.

Има право на жалба 

Одлуката за разрешување не е правосилна, а судијката има право на жалба и до Врховен суд. Михајлова е трета судијка која е разрешена по новата методологија за прочистување на судството, а втора за злоупотреба на АКМИС системот исто како и Панчевски. За Весна Кичеец од Охрид и нејзин колега во пензија e утврдено дека работеле нестручно и несовесно.

И.З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk