ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Заев не гледа причина за одложување на пописот, очекува Пендаровски да го потпише указот, МЗ со демант за лажните вести на Милошоски

January 24, 2021 20:52
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев денеска изјави дека не гледа никакви причини за одложување на пописот што е најавен за април годинава. Очекува на почетокот на неделата претседателот на државата Стево Пендаровски дека ќе го потпише указот.

Од Министерството за здравство денеска најостро ги демантираат наводите на пратеникот на опозициската партија Антонио Милошоски објавени на социјалните мрежи дека лекот Клексан не е на позитивната листа на лекови.

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во село Стајковци денеска започна изградба на нова спортска сала, што ќе се простира на површина од 430 метри квадратни. За изградба на салата се издвоени 17 милиони денари од буџетот на Општина Гази Баба.

Никогаш не сум посочил дека други лица се виновни во случајот „Монструм“ Секогаш кога изминатите години сум давал одговори на прашања поврзани со „Монструм“ сум оставал резерва и сум  кажувал дека последниот збор ќе го имаат правосудните органи, изјави премиерот Зоран Заев.

Шекеринска меѓу 153 глобални лидери – потписници на писмо до претседателот на САД Бајден, за поддршка на новите политики во борбата со климатските промени.

ФРОНТ: Град кој раздвојува, колумна од Бранко Тричковски.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.466 тестирања, регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19, починале шест лица, а оздравеле 1.731 пацинент.

МОН: Континуитет во наставата со веќе воспоставениот модел е во интерес и на учениците и на заштита на јавното здравје.

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан денеска изјави дека апсењето на повеќе од 3.000 луѓе за време на протестот за поддршка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални го загрози владеењето на правото и повика да се воведат санкции против Русија.

Разочарани сме од ветото на Бугарија поради бројни причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија е подготвена да го почне процесот на отворање и затворање на поглавјата со ЕУ, изјави американската амбасадорка во државата Кејт Мари Брнз.

САД сметаат дека во Северна Македонија има одлични напори за зголемување на судските реформи

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Слободен печат“ изјави дека очекува претседателот Пендаровски да го потпише указот за Законот за попис, затоа што секој час е значаен за на време да бидеме подготвени за спроведуање на оваа статистичка операција во април.

Новиот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Велика Британија, „пристигнал во Србија“, за што бил известен министерот за здравство, Златибор Лончар.

По претходно добиени информации, полицијата во атар на село Блаце, во близина на границата со Косово пронашле закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, информираа денеска од МВР.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Маричиќ: Сегашната законска рамка дава простор да се испитува потеклото на имот

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk