ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Пендаровски го потпиша Указот за Законот за попис, тренерот приведен за силување не е член на Џудо федерацијата, против нeго се водела и дисциплинска постапка..

January 25, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за Законот за попис. Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

Османи и Димитров на средба со Ленарчич: ЕУ што поскоро да обезбеди вакцини за регионот. Комесарот Ленарчич изрази силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и подготвеност за континуирана поддршка од неговиот тим во областите од неговата надлежност.
ДИК: За спроведување на Локалните избори предвидени 263 милиони денари. Претседателот на ДИК Александар Даштевски изјави дека овие средства можеби нема да бидат доволни поради тоа што во некои општини ќе треба да се спровдат два круга на гласање, а ќе се избираат и советници и градоначалници. Сепак, ставките се, вели, усогласени и би требало да се покријат потребите.
Регистрирани 63 нови случаи на Ковид 19 од 677 тестирани, оздравени се 573 пациенти, починати се 6 лицa. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.717, бројката на оздравени пациенти е 78.727, на починати е 2.791, а бројот на активни случаи изнесува 9.199.
ОЈО Прилеп покрена постапка против 46-годишен тренер по џудо кој извршил полови дејствија врз деца​. Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се вели во соопштението од ОЈО.

Македонска Џудо федерација: Тренерот приведен за силување не е наш член, беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт“, се вели во соопштението на Македонската Џудо федерација.

Шахпаска: Приоритет е брза и ефикасна постапка за заштита на жртвите од семејно насилство. Таа истакна дека во нашата држава семејното насилство е регулирано и со граѓанското и во казненото законодавство.

Ди Џовани: Пресудни за добриот образовен систем се мотивирани и компетентни наставници. Образовниот систем, на чело со наставниците, треба да им помогне на учениците да стекнат знаење, притоа оспособувајќи ги да го користат знаењето, да развијат социјални и емоционални вештини, умешност за критичко и креативно мислење, самодисциплина, љубопитност и чувство на припадност и цел, рече Ди Џовани во изјава за медиумите.
За околу 35 % ќе се зголеми вредноста на дежурствата во ковид одделенијата во ГОБ „8 Септември“. Постоечката вредност на дежурствата од 96 отсто, со измените би достигнала до 130 отсто.
Сведочења на новинарите Чадиковски и Цветковска во „Титаник“: Добивме списоци со имиња од гласачи од ВМРО-ДПМНЕ.  Списоците содржеа податоци, од генералии, телефонски броеви и избирачки места каде што треба да гласат. Тие беа лица што благодарение на државниот апарат добивале работни позиции. Бидејќи добивале привилеги од партијата тие имале обврска да донесат 15 или 30 гласови зависно во која позиција се вработени во институциите. Најчесто стануваше збор за раководни лица, изјави сведокот Цветковска.
Мал битолски Монмартр: Тоше има само ден на раѓање.  Според востановената традиција, токму на 25 јануари доделуваме награди за членови на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, кои на наша адреса пристигнуваат од сите страни на светот, но, овој настан го одложивме, превентивно заради пандемијата. Затоа, пак, пред националната галерија ги слушаме и пееме песните на Тоше, и жалиме за големата загуба, кусо информираа од „Мал битолски Монмартр“.
И. Т. З.
Next Post

САД ќе ги надоместат четирите изгубени години во борбата против климатските промени

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk