По вчерашната фрапантна вест дека ОЈО Прилеп поведе постапка против тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување, не стивнуваат реакции и осуди на адреса на 46 годишникот од Прилеп. Во една твитер реакции објавена од @TaladOd Prespav се наведува дека „прилепскиот педофил прв другар до доскорешниот преседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Р.С.М, Петар Ристески.
Под истата објава @NemaPariNemaMir пишува дека џудо тренерот на фотографија е облечен во маица со Тодор Александров.
Тој исто така во друг твит објави фотографија на која пишува „Ова ли е таа ВМРО- педофилска?
Преку писмена реакција, вчера се огласи и Македонската Џудо федерација. Во истата се наведува:
„Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи.
Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската Џудо Федерација како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи.
Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт“, се вели во соопштението.
И. Т. З.