ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вистиномер: Кинеските компании за производство на вакцини бараат испитаници во посиромашните земји

January 26, 2021 21:10
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар на 18 јануари годинава беше првиот кој на европскиот континент прими кинеска вакцина против ковид-19. Одобрението за користење го има издадено српската Агенција за лекови и медицина, експресно претходниот ден, но за 100.000 први примероци, додека другите дополнително ќе се испитуваат,пишува Вистиномер.мк., пренесува Мета.мк.

Каква вакцина добило здравството на нашиот северен сосед на 16 јануари? Според српскиот радиолог од Ниш, Александар Ивковиќ, кого српските медиуми често го цитираат како еминентен стручњак, станува збор за вакцината на фирмата „Синофарм“ која има име – BBIBP-CorV.

Морам во старт да кажам дека за оваа вакцина има малку податоци. Регистрирана е во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и од неодамна во Кина. Очигледно и кај нас. Во меѓувреме е регистрирана и во Египет – пишува Ивковиќ во текст на неговиот блог „Луѓе и други лаги“.

Во написот тој детално објаснува за составот на вакцината која содржи вирус од типот SARS-CoV-2, негувана на култури на бубрезите на мајмуни.

Потоа тие култури се третирани со хемикалија на бета-пропалиолактон, кој оневозможува натамошно реплицирање на вирусот. Уфрлена со инјекција во рамото таа предизвикува појава на ковид-19, ама не овозможува негова репликација. Испитувањата во ОАЕ покажале ефикасност од 86 отсто, се тврди дека е испитана кај 31 илјада лица, доброволци од 126 различни етникуми, стои во написот.

Во Србија сега се во употреба три вакцини  – онаа од „Синофарм“, Фајзеровата (нам ни се преотстапуваат мали, количества од истата) и руската – „Спутњик V“, потсетува Вистиномер.мк.

Засега, за вакцината Фајзер, која сè уште се користи во Србија, но исто така и во Европа, Америка и Израел, имаме многу добро следење на податоците и информациите за тоа на кои групи им е дозволено да се вакцинираат. Со неа секој може да се вакцинира, освен ако има некои сериозни алергиски реакции на компонентите на вакцината. Досега има две кинески вакцини – едната е „Синофарм“, другата е „Синовак“. Вакцината „Синофарм“ пристигна во Србија, за која сè уште немаме информации од третата фаза на клиничко истражување , изјави Јована Милиќ, соработник за истражување на Универзитетот во Модена, за Н1 ТВ.

До неделата Агенцијата за лекови на Србија немаше објавено на својот сајт податоци за кинеската и руската вакцина.

Телевизијата N1 јави дека самите кинески власти „условно ја одобриле за користење вакцината на Синофарм“ на крајот на декември (!).

Како што објави лабораторијата „Синофарм“ на крајот од минатата година, една од нејзините вакцини против ковид-19 е ефикасна 79 проценти, што е пониско од објавениот процент на ефикасност за вакцините на американските „Фајзер“ и „Модерна“, чијашто ефикасност е 95 проценти, се вели во написот на Н1ТВ

Но, она што ја засенува целата таа триумфалистичка атмосфера во Белград, кога на аеродромот пристигна транспортен авион со еден милион кинески вакцини, пречекани од претседателот Александар Вучиќ, е информацијата, (емитувана на „Ројтерс“), во која се вели дека оние кои ќе ја примат оваа вакцина практично стануваат дел од контингентот на лица врз кои се врши последната, трета проба за ефикасноста на имунизаторот.

Ројтерс се повикува на информација на кинеската национална групација Биотек (ЦНБГ) и Синовак Биотек ДОО дека нашле „уште две земји да извршат клинички тестови во доцните фази на нивните кандидати за вакцини за коронавирус, бидејќи Кина ги засилува своите напори во глобалната трка. Србија и Пакистан се согласија да учествуваат во фазата 3 на испитувањата на кандидатите за вакцини на ЦНБГ, додека Синовак, втората фирма, доби одобрение од Турција и Бангладеш“.

И Гласот на Америка објави неодамна информација од Обединетите Арапски Емирати дека прелиминарните податоци покажале дека вакцината е ефикасна во 86 отсто од случаите. Се наведува дека се работи за вакцина од стар тип, како оние вакцини за детска парализа или обичен грип. Во информацијата уште се вели дека кинескиот пазар веќе се пополнува (во многу региони се смета дека веќе нема епидемија) и дека мора да се бараат други земји како потрошувачи.

Така што, факт е дека оваа вакцината не ја минала третата фаза, неопходна да се стекнат релеветни сознанија за ефикасноста на лекот. И, ваквите информации со многу детали мора да се претстават на лекарите од цел свет, да бидат јавни и документирани.

На една од последните прес-конференции српскиот претседател Вучиќ одговараше на прашањето дека Брисел секако ќе замери за користење на кинески вакцини. Но, тој кажа дека нему му е поважно здравјето на граѓаните и дека Србија уплатила пари во Ковакс системот,  ама тој не профункционирал. Инаку ЕУ повтори дека за Западен Балкан ќе даде донации за вакцини во вредност од 70 милиони долари, пишува Вистиномер.мк.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk