“Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група. Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат. ” – напиша во својата објава министерот Оливер Спасовски
Премиерот Зоран Заев на својот твитер профил го поздрави овој успех.
“Имаме мал но значаен успех, покрај приведувањето на дел од осомничените лица. Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло.” – изјави премиерот Зоран Заев
Имаме мал но значаен успех, покрај приведувањето на дел од осомничените лица. Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло. https://t.co/BLyH3l5GC8
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 28, 2021