Пресудата за „Монструм“ ја донесе петчлен судечки совет од двајца судии, Огнен Ставрев како прв и Осман Шабани како втор судија, и тројца поротници, откако повторениот судски процес трае околу три години. Доживотни казни затвор за Алил Демири и Агим и Африм Исмаиловиќ.
МВР распиша меѓународна потерница по екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој од неделата е недостапен за полицијата. Тоа отвори многу дилеми и предизвика реакции од повеќе страни, како и барања за одговорност и истрага за евентуални пропусти од надлежните институции.
Бегството на Мијалков нема да го одложи вонредниот конгрес на ИО на ВМРО-ДПМНЕ планиран за 28 март, велат од Иницијативниот одбор.
Од СДСМ бараат Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите обвинети од ВМРО ДПМНЕ, поранешни и сегашни функционери.
Ако Обвинителството во петокот побараше притвор ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата, вели Русковска, додавајќи дека Мијалков редовно се појавувал на рочиштата.
Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува на отворање на нова акцелераторска лабораторија на УНДП. Отворањето ќе се случи со конференција во хотел Хилтон (Diamond Ballroom), со почеток во 14:30 часот.
Министерката за труд и социјална политика Шахпаска информира дека продолжуваат политиките за обезбедување поддршка на слепите лица.
Сите економии, вклучувајќи ја и нашата, се обидуваат да се прилагодат на новата ситуација, а дека сме на вистински пат покажуваат повеќе индикатори, изјави Битиќи. Додаде дека Економијата заздравува и мерките од петтиот пакет носат развој.
До крајот на неделава се очекуваат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник“.
ФРОНТ:
„Бегството на Мијалков и неодговорените прашања” – пишува ЏАБИР ДЕРАЛА
„Долга е сенката на Мијалков” – пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА