ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Брегу: Западен Балкан без роаминг од 1 јули е чекор поблиску до поевтин роаминг и со ЕУ

February 24, 2021 11:30
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Режимот на домашен роаминг на Западен Балкан од 1 јули 2021 година значи чекор поблиску до намалување на цените на роамингот со Европската унија, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, на состанокот на Работната група за роаминг на Западен Балкан.

-Потпишувањето на Договорот за намалување на цените на роамингот на Западен Балкан во април 2019 година беше историско достигнување и еден од главните резултати на Дигиталната агенда за регионот што ја стави на тест нашата посветеност и доверба во регионалниот дијалог, истовремено носејќи им конкретни придобивки на граѓаните. Убедена сум дека регионот повторно ќе има резултати и дека, кога ќе заврши пандемијата, нашите граѓани ќе уживаат во сите придобивки од регионот без роаминг, оцени Брегу по повод укинувањето на роамингот за Западниот Балкан што статртува за нешто повеќе од четири месеци

Трошоците за роаминг помеѓу Западен Балкан и Европската унија се огромни и не се засноваат на условите на пазарот. Поради исклучително високите трошоци за роаминг, нагласува таа, граѓаните од регионот плаќаат четири пати повеќе за истата услуга отколку граѓаните на Европската унија.

-Нашиот следен чекор е да ги намалиме цените на роамингот помеѓу Западен Балкан и Европската унија, што ќе бара целосна посветеност на сите вклучени актери, особено телеком операторите, како и подеднакво важната техничка поддршка од Европската комисија, Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржини и технологија и Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, како и на највисоките претставници од регионот, додаде Брегу.

Дејвид Рингроуз, раководител на одделот во Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржини и технологија, рече дека регионалната соработка е вистинскиот начин да се постигнат резултати за граѓаните од Западен Балкан, а целосната имплементација на Договорот за намалување на цените на роамингот во регионот е првиот чекор кон намалување на цените.меѓу ЕУ и Западниот Балкан. Според Алесандра Сгоби, раководител на сектор во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, треба да го задржиме овој позитивен момент и да ги надградиме успесите на Советот за регионална соработка, бидејќи намалувањето на цените на роамингот помеѓу Западниот Балкан и ЕУ е нешто што регионот ќе го приближи до единствениот пазар на Унијата.

На состанокот, организиран од Советот за регионална соработка, присуствуваа претставници на Европската унија, министри надлежни за информатички и комуникациски технологии и регулаторни тела од регионот кои разговараа за тековниот статус на имплементација на регионалниот Договор за пониски цени на роамингот и за идните чекори кон намалување на цените на роаминг.от меѓу ЕУ и Западен Балкан.

Во првите месеци од спроведувањето на регионалниот Договор за намалување на цените на роамингот, забележано е зголемување на преносот на податоци во роаминг низ целиот регион, како и значително намалување на трошоците за роаминг, помеѓу 83 и 96 проценти, што, како што се наведува, помогна да се подготви укинувањето на роамингот на Западен Балкан, кое треба да започне на 1 јули 2021 година. Западен Балкан без роаминг и намалување на цените на роамингот со Европската унија се дел од програмата за зеднички регионален пазар, на која лидерите на Западен Балкан се обврзаа на самитот во Софија во ноември 2020 година.

Советот за регионална соработка, се наведува во соопштението, ќе помогне на транспарентен и сеопфатен начин во целиот процес на подготвување чекори кон намалување на цените за роаминг помеѓу Европската унија и Западен Балкан, вклучително и во олеснување на регионалните консултации со сите релевантни чинители. 

Next Post

Град Скопје - родово еднаков град

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk