Меѓу полицијата и двајца претставници на демонстрантите во протестот за случајот „Монструм“ се одигра и една невообичаена комуникација која личеше на „преговори“ меѓу судрените страни, објави ЦИВИЛ МЕДИА.
Претставниците на демонстрантите се приближија до првата линија на полицискиот кордон и на албански јазик се обратија со повик до полицијата да си замине, по што и тие ќе си заминат. Демонстрантот додаде дека присуството на полицијата провоцира, дека е платена од данокот и на Албанците…
Еден од полицајците кои беа во првите полициски редови, на албански јазик му одговори дека тие се полиција и дека секако ќе си заминат, откако ќе се разотиде толпата насилници.
Тогаш, демонстрантот му се обрати на полицаецот со зборовите: „Ама тие се граѓани“, на што полицаецот, на албански јазик, смирено му одговори: „Видовме што се.“
Двајцата демонстранти тогаш се повлекоа, а набрзо потоа и толпата се разотиде.