Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека авансот за кинеските вакцини против Ковид-19 е повлечен, нагласувајќи дека тоа е направено за наша сигурност. Филипче потенцира дека и покрај тоа разговорите за овие вакцини се во завршна фаза и дека тие за многу скоро ќе бидат во земјава.
Јужноафриканскиот сој на коронавирусот кај нас се уште не е детектиран, а околу седумдесетина проценти, според лабораторијата на болницата „Жан Митрев“, а оваа недела ги очекуваме и резултатите од лабораторијата во МАНУ, се од британскиот сој, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Рокот за откуп на тутунот ќе се пролонгира до 31 март за да се докупат уште околу 1 500 тони што како вишок останаа, а набрзо ќе се знае кој ќе ги преземе количините. Ова им го рече минстерот за земјоделство Арјанит Хоџа на тутунарите на денешната средба во Прилеп.
„Во однос на тврдењата за укинување на Катедрата за македонски јазик, изнесени по медиумите од страна на претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, сакам да укажам дека станува збор за чисти измислици, но и уште пострашно – за опасни манипулации и инсинуации истовремено“, реагира проф. Искра Пановска.
По повод 28 февруари, денот на ретките болести, како и повеќето политичари, и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се огласи на социјалните мрежи. Животот на луѓето со ретки болести и нивните семејства не треба да биде дефиниран од нивната болест, напиша таа.
Се намали вредноста на биткоинот, тој падна на најниската вредност по 20 дена. Денешната вредност на биткоин е за 3,7 отсто пониска од вредноста при затворањето на берзите во петокот и достигна 44.408 долари.
М. Миткоска