На состанокот се разговараше за повеќе теми поврзани со работата на градоначалниците, степенот на реализација на програмите и проектите во интерес на граѓаните, капиталните инвестиции во општините, локалниот економски рзвој. Николовски зборуваше и за усвоениот акциски План за борба против корупција донесен од страна на Владата како дел од политиките на СДСМ и решителноста да се успее во борбата против ова зло кое со децении беше натоложено во општеството.
Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус, посветен на слободата во светот, е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата, и дека сериозно прашање за државата е тоа што ЕУ не го одржа ветеното дека земјата ќе го започне процесот на преговори на крајот од 2020 година.
„По ваков дебакл на отворена сцена, на опозицијата и’ преостанува само една работа- под итно да пронајде нов лидер. Тоа не само што е основен предуслов за да добиеме посилна и посериозна опозициска партија која ќе води вистинска државна политика, туку ќе значи и поголема контрола врз работата на парламентарното мнозинство, односно врз работата на извршната власт“, напиша Жерновски.
Исклучително поволната каматна стапка, и покрај ковид-кризата, е резултат на прудентните макроекономски политики и зачуваниот кредитен рејтинг на земјата. Задржувањето на кредитниот рејтинг, а со тоа и довербата на инвеститорите, се должи на преземените политики и четирите пакети мерки за соочување со ефектите од кризата.
Eдна доза вакцина од „Фајзер/Бионтек“ или „АстраЗенека“ помага да се спречи развој на потешки форми на болеста за кои е потребна хоспитализација на лица со висок ризик постари од осумдесет години, покажаа првичните податоци од британско истражување.
Даниела Рангелова, поранешна пратеничка и висока партиска функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, го нокаутира Мицкоски со еден удар. Веднаш по гласањето за довербаа на Владата која ја предложи самиот премиер Зоран Заев, излегоа повеќе реакции на социјалните мрежи.
Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.Северна Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција“, пишува на Фејсбук страната на Заев.
Под наслов „Македонија меѓу првите во свет со најмногу починати од ПМ25 честички (ФОТО)“, Курир објави мапа со податоци стари повеќе од осум години, објавена во текст на угледниот Економист за влијанието на фосилните горива. Со злоупотреба на името на овој светски медиум и со „позајмување“ на мапа стара повеќе од осум години, „куририте“ се впуштаат во „анализи“ за дневно политичките потреби на нивните газди од Белата палата.
Односите со Република Бугарија ги сметам за исклучително важни, додека заложбата за нивно натамошно зајакнување е од посебен интерес во насока на развивање на добрососедските односи. Република Северна Македонија останува цврсто посветена на имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка коа важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани, наведува Османи во честитката до Захариева.












































































































