Игор Спасов пренесен во КПУ Идризово. Директорот на Затворот Идризово, Јовица Стојановиќ, за МИА потврди дека Игор Спасов од пред половина час е донесен во казнено поправната установа и е сместен во затвореното одделение на овој затвор.
Денеска се регистрирани 843 нови случаи на Ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.
Лани во четвртиот квартал 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица. Од вработените 471.739 лица биле од машки пол, а 317.813 од женски. Бројот на невработени мажи изнесувал 93.674, а на невработени жени 58.289. Од невработените дури 32.971 лице се со завршено високо образование.
Шекеринска: Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание за зголемување на енергетската ефикасност. Решени сме да дадеме најголем можен придонес во намалувањето на загадувањето, користењето на чистата енергија и во заштитата на животната средина”, стои во објавата на министерката.
Заев: Убав е денот кога почнува со детска прегратка, децата се нашата сегашност и нашата иднина. Ваквите моменти нека ни бидат постојана инспирација, за секој од нас да вложи најмногу што може за децата, напиша премиерот Зоран Заев на Инстаграм.
Османи: МПЦ и сите верски заедници го поддржаа пописот. И поглаварот на МПЦ и на Исламската заедница и на Католичката црква дека уште денес ќе ги информираат своите претставништва во светот да искомуницираат на различни начини своите верници да се вклучат во овој процес“, рече Османи.







